Фотографии сведочат за хаосот во сингапурскиот авион

Макфакс/Кајгана
/ 21.05.2024 / 17:28

Турбуленциите не се невообичаени за време на летовите, но сериозни инциденти како овој се ретки.

Едно лице загина во авионот на Singapore Airlines  на летот SQ321 од Лондон за Сингапур поради силни турбуленции, а повеќе од 20 се повредени. Авионот Boeing 777-300ER бил пренасочен кон Бангкок и слетал во 15:45 часот по локално време. Авионот превезувал вкупно 211 патници и 18 члена на екипажот, се наведува во соопштението на авиокомпанијата.

Singapore Airlines соопшти дека летот SQ321 наишол на сериозни турбуленции.

„Можеме да потврдиме дека има повредени и една личност смртно настрада. Во авионот имало вкупно 211 патници и 18 члена на екипажот. Singapore Airlines изразува длабоко сочувство до семејството на починатиот“, соопшти компанијата. Додадоа дека соработуваат со локалните власти на Тајланд за да им ја дадат потребната медицинска помош на повредените и испраќаат тим во Бангкок за да обезбеди дополнителна помош.

Авионот полетал во 22:38 часот по локално време во Обединетото Кралство, но морал да се пренасочи кон главниот град на Тајланд, а слетал во 15:45 часот по локално време (9:45 часот по британско) во вторникот. Летал на височина од 37.000 стапки (11.280 метри) пред да падне на височина од 6.000 стапки (1.830 метри) за речиси 3 минути, покажуваат записите на летот.

Тајландските власти испратија дополнителни амбулантни возила и екипи за итни случаи на аеродромот „Суварнабхуми“. Сè уште не е јасно што точно се случило во авионот.

Турбуленциите не се невообичаени за време на летовите, но сериозни инциденти како овој се ретки.

„Постојат некои сугестии дека авионот удрил во воздушен џеб пред да мора да изврши итно слетување“, рече дописничката на Sky News од Азија, Корделиа Линч.

„Повредите предизвикани од тешки турбуленции се релативно ретки во контекст на милиони летови во светот. Сепак, тешките турбуленции може да бидат драматични и да доведат до сериозни повреди или, за жал, како во овој случај – смрт“, рече Џон Стрикленд, експерт за воздухопловство, за BBC.

„Екипажите за летање имаат ресурси да ги предвидат турбуленциите и се обучени да реагираат кога ќе се појават“, рече Стрикленд. „Не бадијала компаниите препорачуваат безбедносните појаси да останат врзани за време на летот, било да е тоа долг или краток“, додаде тој.

реклама

Европа ќе гори до крајот на мај: Се формира рекордна топлотна купола 

Read more

9 совети како да го стопите салото на стомакот со пешачење

Read more

Како кората од портокал може да го забрза растот и цветањето на цвеќињата?

Read more

Русија среде ОН ѝ се закани на Литванија: Членството во НАТО нема да ве спаси

Read more

Свет

Силен земјотрес го погоди подрачјето на Неапол: Затворени училиштата

Read more

Трамп: САД ја ослободуваат Куба, нема да има ескалација

Read more

Дрвјата ублажуваат речиси половина од урбаното затоплување, но не таму каде што е најпотребно

Read more

Русија среде ОН ѝ се закани на Литванија: Членството во НАТО нема да ве спаси

Read more
 

Вести

Силен земјотрес го погоди подрачјето на Неапол: Затворени училиштата

Читај повеќе

Трамп: САД ја ослободуваат Куба, нема да има ескалација

Читај повеќе

Дрвјата ублажуваат речиси половина од урбаното затоплување, но не таму каде што е најпотребно

Читај повеќе
  • play_arrow

Русија среде ОН ѝ се закани на Литванија: Членството во НАТО нема да ве спаси

Читај повеќе

Украина уништи руски центар за беспилотни летала во Донецк

Читај повеќе

Ќе нема вода во дел од Дебар Маало

Читај повеќе

Променливо облачно со сончеви периоди и засилен ветер од север

Читај повеќе

Без струја денеска делови од Ѓорче Петров и Петровец

Читај повеќе

Ангела Меркел и Марио Драги се можни преговарачи на ЕУ со Путин

Читај повеќе