Фотосторија: Југоносталгија пуштена на најјако
Југоносталгијата се враќа во бранови на овие простори, а во поново време сѐ почесто кај генерации кои не биле ни родени пред да се распадне Југославија. Постарите генерации зборуваат за филтрирани спомени, помладите за некоја утопија за која слушале и која може само да си ја замислат.
Македонија се отцепува од СФРЈ во 1991 година, но културолошките врски со поранешна Југославија и народите од таа заедница се видливи и се чувствуваат до ден-денес.
Можеби е утописки да се размислува со носталгија за Југославија, но едно е сигурно – Скопје било многу позелено во 80-тите.
Дали препознавате некои од овие локации низ Скопје и поранешна Југославија?