France Football ја откажа Златната топка за 2020 година

Наведувајќи недостаток на фер услови поради прекинот поради пандемијата со коронавирусот, France Football одлучи оваа сезона да не ја додели престижната награда.

Оваа 2020 година нема да има освојувач на наградата Златна топка, или познатата под оригиналното име Ballon d’Or. Наградата во која изминативе години доминираа Лео Меси и Кристијано Роналдо се очекуваше конечно да добие нов победник, но тоа нема да се случи.

France Football сметаат дека големиот прекин поради коронавирусот, како и тоа што некои првенства воопшто не продолжија, како француското, создаваат нефер услови во кои некои фудбалери имаат предност пред другите. На пример, Килјан Мбапе дефинитивно ќе беше еден од кандидатите, но бидејќи игра за ПСЖ во прекинатата Лиг 1, тој е лишен од фер шанса еднакво да конкурира со останатите.

Од 2008 година кога за првпат ја освои Кристијано Роналдо, до лани тој и Меси ја освоија вкупно 11 пати, а само во 2018 Лука Модриќ успеа да им ја украде. Меси е рекордер со 6 титули (2019, 2015, 2012, 2011, 2010 и 2009), додека Роналдо има 5 (2017, 2016, 2014, 2013 и 2008).

Златната топка за првпат се додели во 1956 кога ја освои Англичанецот Стенли Метјуз. Од 1995 организаторот одлучи за наградата да конкурираат и неевропски фудбалери кои настапуваат во Европа, а истата година Либериецот Жорж Веа стана првиот странец кој ја добил.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Фудбал

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Read more

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Read more

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Read more
 

Спорт

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе

Испаѓањето на Сити донесе нов фаворит за освојување на ЛШ

Читај повеќе

Пеп: Во кој било друг спорт ќе победевме

Читај повеќе

Судиите во Украина пред натпревар ќе одат на полиграф

Читај повеќе