Франција го мина прагот од 10.000 мртви од COVID-19

Франција го премина прагот од 10.000 мртви од COVID-19, со нови 607 смртни случаи во болниците и 820 во старските домови,  во последните 24 часа, јави дописникот на МИА.

Генералниот директор за здравство Жером Саломон, откако потсети дека Европа е епицентарот на епидемијата, изјави дека  Франција брои нови 305 пациенти со инфекцијата од COVID-19, односно вкупно 30.000. Од нив 7.131 пацинет се на интензивна нега, од кои 61 отсто се на возраст од 60 до 80 години, 104 пациенти се помлади од 30 години. На интензивна нега биле пратени нови 518 пациенти. Иако бројот не се зголемува, сепак тој покажува дека епидемијата напредува.

Од почетокот на март, во Франција се регистрирани 10.328 смртни случаи, од кои 7.091 во болниците и 3.237 во старските домови. Меѓу починатите 82 отсто се на возраст од над 70 години.

Од болница излекувани излегле од почетокот на кризата 19.337 лица.

Жером Саломон, притоа оцени дека старските домови имаат потреба од засилување, исклучувајќи ја засега можноста да се размислува за подигање на мерките за ограничено движење.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Свет

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Read more

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Читај повеќе

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Читај повеќе

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Читај повеќе
  • play_arrow

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Читај повеќе

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Читај повеќе

Викендов променливо облачно со локален дожд

Читај повеќе

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Читај повеќе

Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи

Читај повеќе

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе