Франција откри: Спречивме 3 напади на Олимписките и Параолимписките игри

Макфакс
/ 11.09.2024 / 17:32

Француските власти спречиле 3 планирани напади на Олимписките и Параолимписките игри во Париз и другите градови кои беа домаќини на летни настани, соопшти денеска националниот антитерористички обвинител, Оливје Кристен.

Тој рече дека заговорите вклучуваат планови за напад на „израелски институции или претставници на Израел во Париз“ за време на Олимписките игри, додека израелските спортисти не биле цел, пренесува AP.

Вкупно 5 лица, меѓу кои и едно малолетно, се уапсени под сомнение дека се вмешани во три спречени заговори за напад на Олимписките игри.

Осомничените се во притвор и се соочуваат со различни обвиненија за тероризам, рече обвинителот.

Во Франција највисоките безбедносни мерки беа во сила со месеци пред Олимписките и Параолимписките игри, кои завршија минатата недела.

Во мај, членовите на Генералната дирекција за внатрешна безбедност уапсија 18-годишен маж од Чеченија под сомнение дека стои зад планот за напад на фудбалските олимписки настани што се одржуваа во јужниот град Сент Етјен.

Осомничениот е обвинет дека планирал „насилна акција“ во име на џихадистичката идеологија на Исламската Држава.

Франција, исто така, ја зајакна одбраната на својот воздушен простор за време на Летните олимписки игри и Параолимписки игри, распоредувајќи воени авиони, хеликоптери за напад, набљудувачки авиони, воени и полициски беспилотни летала за патролирање на небото над Париз и медитеранскиот пристаништен град Марсеј, кој беше домаќин на натпреварите во едрење и фудбал.

реклама

Свет

Медински: Русите секогаш го добиваат своето

Read more

Ватикан: Исходот од преговорите во Истанбул е трагичен

Read more

Шанса за мир: Кои се очекувањата од преговорите во Истанбул?

Read more

Кремљ: Путин и Трамп треба да се сретнат

Read more
 

Вести

30 години смеа со К-15, шоу за паметење во Борис Трајковски

Читај повеќе

Претседателот на BALFIN Group единствен претприемач од регионот на FII PRIORITY Europe Summit

Читај повеќе

Мицкоски: Британците доаѓаат со 6 милијарди евра инвестиции во здравството и во инфраструктурата

Читај повеќе

Лосон демантира, Македонија нема да прифаќа мигранти од Британија

Читај повеќе

Медински: Русите секогаш го добиваат своето

Читај повеќе

Ахмети му порача на Мицкоски дека Албанците не се гости во оваа држава

Читај повеќе

Ватикан: Исходот од преговорите во Истанбул е трагичен

Читај повеќе

Денес облаци и дожд, утре стабилизација и температури до 26 степени

Читај повеќе
  • play_arrow

Албанскиот премиер ја пречека Џорџа Мелони на колена

Читај повеќе