Франција, Русија и САД бараат итен прекин на огнот во Нагорно-Карабах

МИА/КАЈГАНА
/ 01.10.2020 / 16:28

Претседателите на Русија, Франција и САД денеска повикаа на „итен прекин на борбените дејствија“ во Нагорно-Карабах, објавено е на веб-страницата на Елисејската палата.

Владимир Путин, Емануел Макрон и Доналд Трамп ги повикаа властите на Ерменија и Азербејџан да продолжат со преговорите под покровителство на ОБСЕ.

„Ги повикуваме лидерите на Ерменија и Азербејџан да се ангажираат за продолжување на преговорите без одлагање, со добра волја и без предуслови, под покровителство на копретседавачите на групата од Минск при ОБСЕ“, се вели во заедничкото соопштение.

URL

Путин, Макрон и Трамп најостро ја осудија ескалацијата на насилството во Нагорно-Карабах и изразија жалење за човечките жртви.

URL

„Изразуваме сочувство до семејствата на жртвите и ранетите“, се вели во заедничкото соопштение.

Судирите во Нагорно-Карабах ескалираа во неделата, од кога десетици луѓе се убиени и повредени.

URL

Со денови меѓународната заедница повикува на разговори за ставање крај на деценискиот конфликт меѓу двете поранешни советски републики.

Азербејџан, земја на турско говорно подрачје, чии жители се претежно шиити, бара да го врати под своја контрола Нагорно-Карабах, претежно населено со христијанско ерменско население, чие отцепување во 1991 година не беше признаено од меѓународната заедница.

Групата од Минск (Минска Група) при ОБСЕ, со која копретседаваат Франција, Русија и САД, беше формирана во 1992 година за да се најде мирно решение за конфликтот, но без резултат. Примирјето, сепак, беше договорено во 1994 година. 

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Свет

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Read more

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Read more

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Read more

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се глупост

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе