Кошарка
ФИБА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО КИНА 2019

Франција се закити со бронза совладувајќи ја симпатичната Австралија

15. септември 2019 - 11:46 | Ф.З.

Со одлична последна четвртина Французите успеаја да дојдат до медал совладувајќи ја репрезентацијата на Австралија која ги освои симпатиите на Мундобаскетот.

Со 67:59 кошаркарите на Франција ја совладаа Австралија во борбата за третото место на Мундобаскетот во Кина. „Кенгурите“ беа подобри во првите две четвртини и заминаа на полувреме со водство од 9 поени, но во третата и особено четвртата четвртина Французите се разиграа и го свртеа резултатот во нивна полза.

Нандо Де Коло со 19 поени беше најефикасен на натпреварот, а веднаш зад него беа Џо Инглс со 17, Еван Фурние со 16 и Пети Милс со 15.

Следува големото финале помеѓу Аргентина и Шпанија од 14 часот.

Коментирај