Франција упати протестна нота до Аргентина поради голманот Еми Мартинес

Претседателот на ФФФ упатил протестна нота до својот аргентински колега поради недоличното однесување на аргентинските фудбалери и бизарното исмевање на Килјан Мбапе, а воедно побарал и ФИФА да го казни аргентинскиот голман.

Ноел Ле Грает, кој е претседател на Француската фудбалска федерација, упатил протестна нота до претседателот на Аргентинската фудбалска асоицијација, Клаудио Тапиа, поради недоличното славје во кое предничеше голманот Емилиано Мартинес.

Мартинес после победата прво го тешеше Килјан Мбапе, за потоа во соблекувалната да побара „минута молк за Мбапе“, а на крај на славјето во Буенос Аирес да носи в рака кукла со ликот на Французинот.

Ле Грает напишал дека ваквото однесување е недозволиво бидејќи е „ненормално искажување на облик на омраза“, потенцирајќи дека „Мбапе со своето однесување после загубеното финале покажа вистински пример како секој треба да се однесува“.

Аргентинци запалија посмртен ковчег со ликот на Мбапе

ФФФ однесувањето на Еми Мартинес го пријавила и во ФИФА, но не е за очекување светската куќа на фудбалот да му наметне било каква казна со оглед на тоа што Мартинес ништо од тоа не направи на зелениот терен.

Дека Французите вршат притисок врз ФИФА потврди и министерот за финансии на оваа земја, Бруно Ле Мер, кој и јавно побара од ФИФА да преземе нешто: „Што прави ФИФА? Спортот значи ферплеј. Значи покажување почит кон другите. Значи покажување почит кон оние што загубиле“.

реклама

Олово, кадмиум и арсен се пронајдени во домат и крставица на македонскиот пазар

Read more

Протече нов нацрт договор од СЗО:„Светот мора да се подготви за нова уште посмртоносна пандемија“

Read more

Трагична несреќа кај Штип со три загинати лица

Read more

Цели семејства од Македонија одат на сезонска работа во Хрватска

Read more

Фудбал

Чави ги сака Кимих и Караско во Барселона

Read more

Бербатов: Дарко Панчев ми беше идол

Read more

Милевски: Во денешниот фудбал нема апсолутни аутсајдери

Read more

Модриќ добил понуда што не се одбива, се сели во Саудиска Арабија

Read more
 

Спорт

Чави ги сака Кимих и Караско во Барселона

Читај повеќе

Бербатов: Дарко Панчев ми беше идол

Читај повеќе

Милевски: Во денешниот фудбал нема апсолутни аутсајдери

Читај повеќе

Модриќ добил понуда што не се одбива, се сели во Саудиска Арабија

Читај повеќе
  • play_arrow

Ландо Норис ја испроба игрицата F1 2023 и заврши последен

Читај повеќе

Академија Пандев се ребрендира во Брера Струмица

Читај повеќе

Јунајтед ќе му плати на Мегваер за да го напушти клубот

Читај повеќе

Милевски повика 29 фудбалери за дуелите со Украина и Англија

Читај повеќе

Мурињо му направи заседа на судијата на паркинг: Ти си е*ана срамота

Читај повеќе