Свет

Франција забранува користење мобилни телефони во училиштата

13. декември 2017 - 9:01 | А.С.

Владата на Франција соопшти дека од почетокот на следната школска година ќе им забрани на учениците во основните и средните училишта да користат мобилни телефони во училиштата.

На децата ќе им биде дозволено да ги носат мобилните во училиште, но нема да смеат да ги користат додека се таму, на настава или на одмор, објави француската телевизија „France 24“.

Министерот за образование Жан-Мишел Бланкер рече дека новата мерка ќе стапи на сила од септември, 2018 година.

Мобилните телефони веќе се забранети во училниците, но службите сакаат да ја забранат нивната употреба во сите школски простории.

Најавата отвори прашања околу тоа како ќе биде спроведена мерката во пракса, каде ќе се чуваат телефоните, како професорите ќе проверуваат дали учениците ги почитуваат правилата и слично.

Бланкер рече дека ќе разговара за сите прашања, додавајќи дека мобилните телефони некогаш се потребни поради итни случаи или за едукативни цели, но дека нивната употреба во училиштата мора да се стави под контрола.

Коментирај