Француската полиција растури карневал во Марсеј

Уличен карневал во Марсеј, кој привлече бројни посетители, на крајот заврши со солзавец и казни за учесниците откако се замеша француската полиција.

Голема толпа народ, поголемиот дел млади лица и без заштитни маски, парадираа пеејќи и танцувајќи низ улиците на пристанишниот град во медитеранскиот дел на Франција.

На еден плоштад запалија и оган, па маскирани парадираа и пееја околу него.

URL

Се работи за карневалот Ла Плен кој се организира секоја година и кој лани беше откажан поради пандемијата. Но, годинава властите немаа дадено дозвола за одржување на негиовото 21 издание, туку беше самоиницијативно.

URL

Полицијата мораше да употреби солзавец за да ја растера големата маса народ. Засега нема информации за уапсени лица, а потврдено е дека бројни учесници на настанот добиле казни од по 135 евра поради кршење на мерките за превенција од ширење на коронавирусот, односно не држење социјална дистанца и неносење заштитна маска.

URL

Повеќе региони во Франција, вклучително и престолнината Париз, неодамна беа ставени под четиринеделен локдаун поради третиот бран на инфекција. Со нив не беше зафатен и Марсеј.

„Ни одобрение од префектурата, ни маски, ни физичка дистанца. Тотална неодговорност на учесниците во Ла Плен карневалот во Марсеј среде здравствена криза“, објави полицијата задолжена на регионот во и околу градот.

URL
реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Читај повеќе

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Читај повеќе

Променливо облачно и посвежо време, температури до 18°C

Читај повеќе

Ванковска: Ние трчаме маратон, нас не нè задоволува фотелја и позиција, ние имаме кауза

Читај повеќе