Француската полиција со солзавец ги растера демонстрантите во Париз

Париз, 16 ноември 2019 (МИА) – Француската полиција денеска испука солзавец за да ги растера демонстрантите кои се собраа во Париз на првата годишнина од антивладините протести на движењето „Жолти елеци“.

Судири меѓу полицијата и демонстрантите се случија во северозападен Париз, кога демонстрантите се подготвуваа да го почнат маршот низ градот.

Полицијата интервенираше и за да спречи неколку стотици демонстранти да го блокираат кружниот тек во Париз.

Досега се уапсени 24 лица, соопшти полицијата.

Протестите на „жолтите елеци“ почнаа кон средината на ноември 2018 година, првично поради зголемувањето на цената на горивата и високите трошоци за живот, но прерасна во пошироко движење против претседателот Емануел Макрон и неговите економски реформи.

На почетокот, десетици илјади луѓе учествуваа во протестите, на моменти и до 300.000, а подоцна се намали нивниот број на неколку илјади.

Сепак, водачите на протестите ги повикаа поддржувачите денеска повторно да се мобилизираат за да ја одбележат првата годишнина.

реклама

Мурињо го одржа зборот: Се сликаше со македонскиот новинар

Read more

Кејот на Вардар имал калдрма...

Read more

Што ќе се случи во вашиот организам ако редовно користите куркума?

Read more

Зошто не можеме да се ослободиме од наслагите од долниот дел на стомакот?

Read more

Свет

Северна Кореја уби и спали јужнокорејски службеник

Read more

Фаучи: Светот ќе се врати во нормала до крајот на следната година

Read more

Дневен преглед на состојбата со COVID-19 во светот

Read more

Eвакуирана Ајфеловата кула по закана со бомба

Read more

Вести

Северна Кореја уби и спали јужнокорејски службеник

Читај повеќе

Фетаи ја ослободи Рангелова од обвинението за „Насилство во Општина Центар”

Читај повеќе

Поведена истрага против скопјанка за поседување хероин

Читај повеќе

Кривична за фалсификување дозвола за движење за време на „полициски час“

Читај повеќе
  • filter

„Пајакот“ синоќа правеше чистка на пешачката зона на кеј „13 Ноември“

Читај повеќе

Утре без струја делови од општините Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров

Читај повеќе

Околу 60% од Словенците ќе се вакцинираат против COVID-19

Читај повеќе

COVID-19 е најважен предизвик за државата во следните месеци

Читај повеќе

Гоце Делчев е македонски револуционер, но и Бугарите го чествуваат, порача државниот врв

Читај повеќе