Подгответе посен десерт, француски ролат.
Потребни состојки:
200 грама чоколада за готвење
125 грама маргарин
30 грама суво грозје
30 грама суви брусници
30 грама суви вишни
Начин на подготовка:
Чоколадата растворете ја на пареа и во неа додадете го маргаринот. Потоа додадете го ситно исецканото суво овошје, грозјето брусницата и вишните.
Почекајте смесата да се олади, обликувајте ја во вид на ролат, замотајте во фолија и навечер оставете ја во фрижидер.
Пријатен апетит.