„Францускиот Берлускони“ ослободен во фамозниот случај за купопродажбата на Adidas

Поранешниот француски министер и претприемач Бернард Тапи беше ослободен од обвинувањата за „измама“ за фамозната арбитража од 2008 година во висина од 403 милиони евра за купопродажбата на Adidas.

Ова е нова победа за Бернар Тапи, можеби последната за поранешниот министер, претприемач и поранешен сопственик на фудбалскиот клуб Марсеј, кој од 80-тите години редовно ги ниша елитите и француската политика, слично како Силвио Берлускони во Италија.

Бернард Тапи, неговиот поранешен адвокат Морис Лантурн и актуелниот шеф на телекомуникацискиот гигант Оранж, Стефан Ришар беа ослободени од Кривичниот суд во Париз, по судењето кое траеше речиси еден месец што се одржа во март и април оваа година.

Судејќи по реакциите на денешниот француски печат, пресудата падна како „гром од ведро небо“, ако се знае дека обвинителот побара 5 години затвор за Тапи, 3 години во затвор со 18 месеци условна за Стефан Ришард, и 3 години условна казна за Морис Лантурн.

Ова значи дека ниту еден од нив не се обидел со нелегални средства да изнуди 403 милиони евра во јули 2008 година по поволната арбитража во случајот познат како „Adidas - Crédit Lyonnais “. Ова, и покрај тоа што арбитражата беше, дефинитивно беше поништена на 18 мај 2017 година од страна на Касациониот суд (Врховниот суд на Франција), кој наметна враќање на оваа сума од Бернард Тапи.

За Бернар Тапи, кој има 76 години и боледува од два видови на рак и не беше присутен на рочиштето за читањето на пресудата, ова претставува победа, еден вид на судски реванш, по децениските спорови со банката Crédit Lyonnais , која ја обвинува дека го турнала во банкрот во 1994 година и дека ја продала компанијата со удобна капитална добивка, со цел да ги исчисти своите сопствени загуби во моментот кога банката беше речиси во банкрот.

Роден лобист со ретка издржливост, Тапи никогаш не негираше дека вршел притисок во ходниците на Елисејската палата и француското Министерство за финансии за финансиски надомест, користејќи ги и предностите на неговите контакти со поранешниот претседател Никола Саркози, на власт во времето на арбитражата.

Оваа пресуда, според француските медиуми „особено го означува поразот на француската држава, заплеткана во нејзините противречности“. Кога јавниот обвинител на Париз подигна обвинување против Бернар Тапи во јуни 2013 година за „организирана измама“, кај претседателот на Република во тоа време, Франсоа Оланд, постои очигледно намерата да се неутрализира пријателот на Никола Саркози. Но недостасуваат докзаи за тоа, според вчерашната пресуда на кривичниот суд.

Со вчерашаната пресуда може да здивне и една друга политичка личност, поранешната министерка за финансии, Кристин Лагард, назначена за претседател на Европската централна банка. Во декември 2016 година, таа бепе прогласена за виновна за „небрежност“ во арбитражата за Тапи. Отсуството на измама и лажирање, според новата пресуда, на тој начин сериозно ги ублажува сомнежите во врска со нејзиното работење во овој случај.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Бизнис

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Read more

Синоним за престиж – Шпаркасе Банка ја претстави новата дебитна картичка Visa Platinum

Read more

Странските компании загубија 107 милијарди долари со повлекувањето од Русија

Read more

Раст на Волстрит по три дена пад

Read more
 

Вести

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Читај повеќе

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Читај повеќе

Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

Синоним за престиж – Шпаркасе Банка ја претстави новата дебитна картичка Visa Platinum

Читај повеќе

Странските компании загубија 107 милијарди долари со повлекувањето од Русија

Читај повеќе

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Читај повеќе

Трет ден се трага по Данка, се проверуваат телефоните на родителите

Читај повеќе

Раст на Волстрит по три дена пад

Читај повеќе

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се глупост

Читај повеќе