Францускиот филм „Милост Божја“ во кината од 17 октомври

По освоениот Гран при на 69. Меѓународен филмски фестивал во Берлин, филмот „Милост Божја“ ќе се најде и на редовниот репертоар на нашите кина.

Филмот кој е првенствено замислен како документарец, но потоа сепак е завршен како игран филм, е работен на вистинска приказна за страшните настани и премолчувања на црквата околу сексуалните злоставувања во Лион.

Филмот ги следи животните приказни на тројца возрасни луѓе - Алекс, Франсоа и Емануела, нивните трауми и долгогодишната борба со самите себе. По една случка која ќе предизвика лавина од лоши сеќавања, ќе започне борбата против суровите злодела од минатото. Споредувајќи ги своите лични трауматични искуства, хероите на приказната, ги преиспитуваат своите животи низ љубовна, семејна и професионална перспектива.

Франсоа Озон е француски филмски режисер и сценарист чии филмови специфично се карактеризираат со значајна сатира и слободоумен поглед на човечката сексуалност. Ова негово остварување се одвојува од карактеризациите на претходните дела заради осетливоста и свежината на случаите кои ги раскажува.

Наградуван за филмовите „8 жени“ (2002) и „Базен“ (2003), Озон го сметаат за еден од нај важните режисери на „новиот бран“ на францускиот филм.

„Милост Божја“ од 17 октомври можете да го погледнете во Синеплекс Скопје и 3Д Кино Битола.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Филм & ТВ

Шестиот дел од култниот Pirates of the Caribbean ќе се снима без Џони Деп

Read more

Прв тизер за серијата The Penguin – Колин Фарел каков што не сме го виделе досега

Read more

Најконтроверзниот реквизит од филмот Titanic продаден на аукција за неверојатна цена

Read more

Лошите момчиња се вратија: Прв трејлер за Bad Boys 4

Read more
 

Сцена

Шестиот дел од култниот Pirates of the Caribbean ќе се снима без Џони Деп

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тизер за серијата The Penguin – Колин Фарел каков што не сме го виделе досега

Читај повеќе
  • play_arrow

Најконтроверзниот реквизит од филмот Titanic продаден на аукција за неверојатна цена

Читај повеќе
  • play_arrow

Папараците ја снимија Шакира со британскиот актер кој е ѕвезда на нејзиниот нов спот

Читај повеќе
  • play_arrow

Лошите момчиња се вратија: Прв трејлер за Bad Boys 4

Читај повеќе

Ен Хатавеј смета дека освојувањето Оскар негативно ѝ влијаело на кариерата

Читај повеќе

Погребот на Мирко Попов ќе биде денеска на Градските гробишта „Бутел“ во Скопје

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Почина Мирко Попов

Читај повеќе