Францускиот фудбал е пред колапс: Клуб од ЛШ и уште 7 прволигаши се пред банкрот

На францускиот фудбал му се заканува целосен колапс, бидејќи Француската фудбалска федерација (ФФФ) сѐ уште нема добиено понуда за ТВ преносите од сезоната што наскоро треба да започне, па дури 8 прволигаши се во опасност од банкрот.

Францускиот фудбал доживува катастрофа каква што досега не е видена во ниту една од „петте лиги“. Имено, веќе со месеци нема понуда за ТВ преноси во петгодишниот циклус од 2025 до 2029 година, што воедно значи дека клубовите не ја добиле финансиската инјекција која им е потребна.

Претходно, првиот човек на ФФФ, Венсан Лабирн, бараше повеќе од една милијарда евра по сезона за ТВ преноси, но заминувањето на ѕвездите како Лионел Меси, Нејмар и сега Килјан Мбапе значеше дека никој не сака да ги плати тие пари.

DAZN и beIN Sports беа спомнати како потенцијални купувачи за ТВ правата, но никогаш не беше постигнат договор. Цената на правата е преполовена, но понуда сѐ уште нема.

Најпочитуваниот француски весник L'Équipe сега излезе во јавноста и најави потенцијален пад. Дури 8 клубови од елитното друштво се пред банкрот доколку не се подобри состојбата.

Тоа се Оксер, Ланс, Нант, Рамс, Монпелје, Брест, Ле Авр и Анже. Сите тие се во ризик од банкрот поради немање финансиски средства, сѐ затоа што ТВ правата сѐ уште не се продадени.

Како што видовте, на списокот е и екипата на Брест, која треба да учествува во групната фаза од Лигата на шампионите бидејќи минатата сезона направи сензација со освојувањето на 3. место. На списокот е и Ланс, кој минатата сезона играше во Лигата на шампионите, како и Монпелје кој не така одамна беше шампион на Франција.

Да потсетиме, француската Лиг 1 имаше многу проблеми и контроверзии при последниот договор за ТВ правата, па поради правни недоразбирања и финансиски проблеми во 2020 година беше раскинат договорот со шпанската телевизија Mediapro.

Тагови
реклама

Словенечка верзија на слоевита штрудла со ореви

Read more

Ескорт дама открива што велат ултрабогатите зад затворени врати во Давос

Read more

Малуда направи тотален пресврт, стана војник

Read more

Лазаров: Мора да е скриена камера кога никој не нè критикува

Read more

Фудбал

Малуда направи тотален пресврт, стана војник

Read more

Новиот Салах пристигна во Англија: Мармуш потпиша за Манчестер Сити

Read more

Баерн доживеа дебакл иако имаше 30 шутеви и речиси 700 додавања

Read more

Гринвуд ја одјави Англија во ФИФА, ќе игра за Јамајка

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Сензација во Мелбурн: Медисон Киз го освои Австралија опен

Читај повеќе

Лазаров: Мора да е скриена камера кога никој не нè критикува

Читај повеќе

Малуда направи тотален пресврт, стана војник

Читај повеќе
  • play_arrow

Филаделфија го совлада Кливленд и ја прекина долгата серија порази

Читај повеќе

Македонија силна против Катар

Читај повеќе
  • play_arrow

Вемби ја воодушеви публиката жонглирајќи со фудбал

Читај повеќе

Новиот Салах пристигна во Англија: Мармуш потпиша за Манчестер Сити

Читај повеќе
  • play_arrow

Баерн доживеа дебакл иако имаше 30 шутеви и речиси 700 додавања

Читај повеќе
  • play_arrow

Хамилтон прв пат возеше болид на Ферари, претставена и неговата нова кацига

Читај повеќе