Францускиот предлог ќе биде објавен на веб-страницата на Владата

На владината веб-страница денеска ќе биде објавен францускиот предлог за отстранување на бугарското вето и за старт на преговорите за членство на Република Северна Македонија во Европската Унија.

Францускиот предлог во интегрална форма ќе биде објавен веднаш по средбата на лидерите на партиите од владината коалиција закажа во Владата во 11 часот, објави премиерот Димитар Ковачевски на Facebook.

– Веднаш по средбата, предлогот во интегрална форма ќе го објавиме на официјалната веб-страница на Владата. Во текот на денот, покрај средбата со коалицијата, ќе се одржат низа консулатации и разговори со експертската и стручната јавност како и медиумите. Како што веќе најавив вчера целиот процес ќе се одвива транспарентно, а јавноста во детали ќе биде запознаена со сите следни чекори. Повикувам на одговорност од сите релевантни чинители во општеството, шпекулации за важни државни и национални прашања не одат никому во прилог, наведе Ковачевски.

Тој апелира до сите политички актери и медиумите да се потпираат на официјалните информации од институциите и побара конструктивност и поддршка од сите чинители за да се донесе мудра одлука во интерес на сите граѓани.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе