Францускиот Сенат го ратификуваше Протоколот за членство во НАТО

Париз, 17 октомври 2019 (МИА) –  Францускиот Сенат го усвои во прво читање предлог-законот за ратификација на Протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО.

Предлог-законот беше усвоен без измени на 9 октомври 2019 година од страна на Комитетот за надворешни работи, одбрана и вооружени сили, по извештајот на сенаторката  Жоел Гаријо Мајлам. 

Останува договорот да биде ратификуван и од Националното собрание при второто читање, по што тој дефинитивно ќе биде ратификуван од Франција.

Досега 24 земји-членки целосно го завршија процесот на ратификација. Вчера тоа го сторија Италија и Велика Британија.

Очекувањата се дека Протоколот ќе биде ратификуван и со тоа членството во НАТО ќе се официјализира пред Самитот на Алијансата, закажан за 3 и 4 декември во Лондон.

Но, засега неизвесно е дали тоа пред Самитот ќе се случи во шпанскиот Парламент. Двата дома на Парламентот се распуштени. Изборите се закажани за 10 ноември, а доколку се помине како што треба новиот состав на Парламентот би се конституирал на 3 декември.

Оваа недела за Протоколот треба да се изјасни Националното собрание на Франција, а процесот треба да заврши и во Холандија и Исланд. Според праксата досега вообичаено е Сенатот на САД последен го ратификува, но поради ситуацијата во Шпанија, се уште не е познато кога ќе биде закажана седницата на Горниот дом на американскиот Конгрес.

Протоколот беше потпишан на 6 февруари 2019 година од страна на 29 сојузнички земји и министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Никола Димитров.

На крајот на процедурата за ратификација од сите земји на Алијансата, Северна Македонија, која веќе има статус на „земја гостинка“, ќе стане 30-та членка на НАТО и ќе ги има истите права и обврски како и другите сојузници.

реклама

Развод, отказ, преселба – кого ќе погоди помрачувањето на полната Месечина во Вага?

Read more

Зошто да ставите ориз во бањата?

Read more

Тимоти Шаламе собори рекорд што Џон Траволта го држеше 45 години

Read more

Давид Гета доби син со девојката Џесика Ледон

Read more

Свет

На Кубанците им дојде преку глава: Протестираат бидејќи нема храна и струја

Read more

И по Путин – Путин: „Победата“ вечерва ќе се слави на Црвениот плоштад

Read more

Израел ќе му понуди на Хамас шестнеделно примирје за 40 заложници

Read more

ЕУ му вети на Египет 7,4 милијарди долари помош со цел да се запре миграцијата

Read more
 

Вести

Претепан возач на автобус на ЈСП

Читај повеќе

Стевчо Јакимовски и Катица Јанева на црната листа на САД

Читај повеќе
  • play_arrow

На Кубанците им дојде преку глава: Протестираат бидејќи нема храна и струја

Читај повеќе

Нови цени на горивата од полноќ

Читај повеќе
  • play_arrow

И по Путин – Путин: „Победата“ вечерва ќе се слави на Црвениот плоштад

Читај повеќе

Израел ќе му понуди на Хамас шестнеделно примирје за 40 заложници

Читај повеќе

ДУИ предупредува: Опозицијата со руско сценарио за политички немири по 8 мај

Читај повеќе

НАТО ја гради најголемата воена база во Европа - на Балканот

Читај повеќе

Неочекуван пад на залихите на нафта, цените скокнаа за 4%

Читај повеќе