Француските Евреи бегаат во Израел

Најголемата еврејска заедница која живее во Европа е во Франција, но поради сѐ поголемиот замав на антисемитизмот во земјата таа се намалува бидејќи луѓето се иселуваат во Израел.

Евреите се голема заедница на териториите на Франција кога се населуваат уште во времето на прогонот од Римјаните од Палестина. Во 1791 година Евреите добиваат исти права како и Французите, а досега Франција имала три премиери кои биле Евреи, најистакнат меѓу нив Леон Блум.

Со почетокот на новиот милениум антисемитизмот во Франција доживеа кулминација. Инцидентите во кои жртви се Евреи драстично се зголемија што резултираше со тоа еврејското население повеќе да не се чувстсвува безбедно и сѐ повеќе и повеќе да се иселуваат во Ветената земја.

Токму во 2000 година започна Втората Интифада, како што ја нарекуваат Палестинците борбата за ослободување од израелската окупација на палестинските територии. Првата Интифада траеше од 1987 до 1993 година.

Во три наврата се случија поголеми инциденти во кои имаше и жртви. Во март 2012 вооружен маж возејќи скутер отвори оган врз ученици од еврејското училиште Озар Хаторах во Тулуз при што уби една наставничка и три деца.

Во јули 2014 за време на демонстрациите за поддршка на Палестина толпата извикуваше „Смрт за Евреите“. Шест месеци подоцна човек отвори оган на еврејски пазар при што уби четворица.

Иселувањето на Евреите од Франција и населувањето во Израел предизвикува домино ефект кој директно ги загрозува токму Палестинците. Израел има сѐ повеќе и повеќе Евреи за населување низ териториите кои Палестина ги нарекува свои. Палестинците ја добиваат битката низ светот, но ја губат на свој терен каде доаѓаат да живеат сѐ повеќе и повеќе Евреи.

реклама

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Ослободете се од пајаците во домот со природен лек

Read more

Свет

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Read more

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Read more

ЕУ воведе нови санкции за Иран

Read more

Бајден тврди дека вујко му бил изеден од канибали

Read more
 

Вести

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Читај повеќе

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Читај повеќе

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Читај повеќе

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Читај повеќе

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Читај повеќе

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Читај повеќе

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Читај повеќе

Пендаровски со претставка за говорот на омраза, навредите и дискриминацијата од страна на Силјановска-Давкова и ВМРО-ДПМНЕ

Читај повеќе

ЕУ воведе нови санкции за Иран

Читај повеќе