ЛИГ 1 2024/2025

Француските навивачи повикуваат на масовен бојкот на британскиот емитер DAZN

Макфакс/Кајгана
/ 13.09.2024 / 12:29

И пред четвртото коло во францускиот фудбалски шампионат, навивачите го продолжуваат бојкотот на единствената станица која има ексклузивно право да пренесува натпревари од Лиг 1.

Станува збор за британската платформа DAZN која ги откупи правата за пренос на натпреварите од елитното француско првенство пред почетокот на сезоната, но навивачите се шокирани од цената што треба да ја платат за да ги следат натпреварите.

Гледањето на еден натпревар од Лиг 1 чини 15 евра, а за месечен пакет натпревари (сите натпревари) треба да се издвојат 40 евра. Во исто време, пет од осумте натпревари кои се нудат секој викенд не се опфатени со коментар, а нема викенд емисии, нема резиме на колото и нема преноси во 4K резолуција.

Поради оваа понуда на британската платформа, од стартот на сезоната се создаде револт кај навивачите, кој секој ден е сѐ посилен, па на сите француски стадиони се викендов се подготвуваат за акции чија цел е што е можно повеќе навивачи да го бојкотираат DAZN.

„Не смееме да му дадеме ниту цент на тој канал кој не го почитува францускиот фудбал или француските навивачи, толку е едноставно“, вели револтиран француски навивач.

„Мислам дека ова е направено без никакво чувство за навивачите, толку е скандалозно да се наплаќа толку многу за производ од Лиг 1 што е полош од минатата година“, вели еден фан на Рен.

Тагови
реклама

Кафе едно евро, вино две: Која е европската дестинација со рајски плажи?

Read more

Израел: Ни се пружи прилика, го убивме началникот на иранската армија

Read more

Европа пред нова автомобилска револуција

Read more

Полицаец предупредувал казина и локали кога ќе има полициски и финансиски контроли

Read more

Фудбал

Уапсени 12 навивачи во Грција: Дилале дрога, ограбувале, палеле...

Read more

Еми Мартинес на Олд Трафорд?

Read more

ФИФА во очај: Ни Меси не помага за продажба на влезници

Read more

Пеп ќе си замине ако нема чистка во Сити

Read more
 

Спорт

Уапсени 12 навивачи во Грција: Дилале дрога, ограбувале, палеле...

Читај повеќе

Еми Мартинес на Олд Трафорд?

Читај повеќе

Шокантна размена во НБА: Орландо ја донесе ѕвездата на Мемфис

Читај повеќе
  • play_arrow

Никола Јокиќ одмара во село со помалку од 100 жители

Читај повеќе

ФИФА во очај: Ни Меси не помага за продажба на влезници

Читај повеќе

Пеп ќе си замине ако нема чистка во Сити

Читај повеќе

Модриќ одби да помине медицински прегледи за Милан

Читај повеќе

Гатузо на чекор да стане селектор на Италија

Читај повеќе
  • play_arrow

Неочекуван херој ѝ донесе победа за водство на Индијана

Читај повеќе