ОХРИДСКО ЛЕТО 2020

Француското дуо Аријан Баке и Теодор Ламбер вечер на „Охридско лето“

Музичката програма на „Охридско лето“ за вечерва нуди целовечерно уживање со концертот на француското дуо Аријан Баке на обоа и Теодор Ламбер на пијано.

Разновидната кариера на Аријан Баке вклучува настапи како солистка, оркестарски и камерен музичар и активна педагогија. Во постојана потрага по нови предизвици и нов репертоар, Баке е дел од различни проекти и е член на оркестарот во градот Лил, операта во Лимож, ансамблот „Апасионато“, а често е дел од камерни состави како: дувачки квинтет, дуо со пијано и слично.

Во последните две години таа е дел од повеќе интернационални оркестри, како оној на фестивалот Шлезвиг-Холштајн, а преку таквите активности ѝ се укажува можност да свири во познати германски концертни сали, како новата филхармониска сала во Хамбург, Концертхаус во Берлин со диригенти од рангот на Кристоф Ешенбах со кој исто така настапила во дуо на концерт снимен од НДР. Покрај класична музика, Аријан Баке свири и џез и електронска музика настапувајќи со ансамблот „Арт соник“ со кој свири популарна музика, електро музика и слободни импровизации. Во 2014 дипломира обоа и камерна музика, а подоцна и магистрира на Парискиот конзерваториум. Покрај музика, таа студира и француска литература.

Пијанистот Теодор Ламбер дипломира на Конзерваториумот за музика во Париз и е лауреат на повеќе интернационални натпревари како „Виртуози на срцето“, натпреварот „Шопен“ во Брест и натпреварот „Клод Бонетон“. Настапува како солист на фестивали во Германија, Холандија и Франција, а како камерен музичар има завидна кариера со ансамблот „Аралија“ што настапува како резидентен ансамбл во Европскиот центар за камерна музика. Покрај тоа настапува на познатиот клавирски фестивал „Рок Д’ Антерон“ и во Москва, Манчестер, Хаг, Савона и Сполето. Активен е и како композитор, неговите дела се изведувани во Франција и Канада, а последното дело за 13 инструменти е нарачка од Парискиот конзерваториум и премиерно е изведено на Фестивалот во чест на Дебиси.

На програмата на вечерашниот концерт се дела на Шуман, Дранишкова, Чајковски, Пуланк, Рахмањинов, Паскули. За настапот на француското дуо е резервирана сцената во Предворјето на катедралната црква Света Софија од 21 часот.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Култура

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Read more

Почнува Крај Вардарот Џез: Три фестивалски вечери и пет концертни настапи кои кокетираат со авангардни стилови

Read more

Под слоганот Приказна се чита денеска почнува Саемот на книга

Read more

Вечерва во МКЦ премиера на документарецот Време на бетон

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе