Објавени деталите како ја измамил

Французинката која лажниот Бред Пит ја измами за 830.000 евра сега е бездомничка

Французинката која лажниот Бред Пит ја наговорил да му испрати 830.000 евра користејќи вештачка интелигенција, сега е бездомничка која страда од тешка депресија и моментално е во Клиника за ментални болести.

Фотографијата од Бред Пит во болница креирана со вештачка интелигенција
Фотографијата од Бред Пит во болница креирана со вештачка интелигенција

Нејзината адвокатка Лорен Хана за Дејли Мејл ги раскажа проблемите кои жената ги има. Нејзината клиентка е окарактеризирана како глупа и наивна и немилосрдно вознемирувана на интернет, па ги избришала своите профили на душтвените мрежи. Се обидела да се самоубие три пати.

Измамената жртва станала мета на тролови откако открила дека испратила 830.000 евра за да „финансира лечење од рак” на некој кој лажно и се претставил како филмската ѕвезда Бред Пит. 

Како била измамена?

Измамената Ана била дизајнерка на ентериер. Сè почнало кога на друштвените мрежи примила порака од лажен профил кој тврдел дека е мајката на Бред Пит. Ден подоцна, примила порака од профил кој и се претставил дека е лично Бред Пит и навел дека неговата мајка веќе му раскажала убави зборови за неа.

Жртвата, во тој период поминувала низ тежок период со сопругот кој бил милионер, а ова почнало да се случува во февруари 2023. Измамникот кој се претставувал како Бред Пит и праќал песни и љубезни пораки (семесинаповски глупи цитати).

На почетокот се сомневала дека профилот е лажен, но откако секојдневно почнала да прима фотографии и видеа од ѕвездата генерирани со помош на вештачка интелигенција, наседнала на измамата и станала поопуштена.

Набрзо, врската „процветала”, а лажниот Бред Пит ја запросил и ја затрупал со ветувања за отмени подароци. Единствената замка била дека ќе мора да плати царина од 9.000 евра за да ги прими подароците.

Бидејќи жртвата веќе покажувала волја да се разведе од сопругот, измамникот продолжил да поставува се поапсурдни барања. Кога жртвата му кажала на својот „онлајн пријател” дека очекува богата спогодба за развод, измамникот ги зголемил апетитите.

Лажниот Бред Пит и побарал финансиска помош за итно лечење на рак на бубрезите, жалејќи се дека не можел да пристапи до неговите средства поради разводот со Анџелина Џоли.

Измамената жена му испратила вкупно 830.000 евра, а почнала да се сомнева кога прв пат во јавноста излегле фотографии оактерот Бред Пит со неговата нова девојка Инес де Рамон.

реклама

Гледач откри нова грешка во клучната сцена на Titanic

Read more

Русите преку ноќ уништија еден од најголемите пазари во Европа

Read more

Зошто никогаш не треба да ги миете мрсните тави со топла вода?

Read more

Ништо нема да оди како што треба: Знаци на кои не им се пишува добро во февруари

Read more

Живот

Можат да предизвикаат алергиски реакции: Како да се ослободите од прашинските грини во спалната соба?

Read more

Дали треба да пиете вода што стоела преку ноќ?

Read more

Кои земји во Европа ги посетуваат најмалку туристи: Топ 10 листа

Read more

Зошто на жените им треба повеќе сон од мажите?

Read more
 

Магазин

Начини како да ја зголемите енергијата пред тренинг

Читај повеќе

Можат да предизвикаат алергиски реакции: Како да се ослободите од прашинските грини во спалната соба?

Читај повеќе

Дали треба да пиете вода што стоела преку ноќ?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најдобрата реклама на Марадона

Читај повеќе
  • play_arrow

Бинго торта од 3 вида бисквити со сок од портокал

Читај повеќе

Кои земји во Европа ги посетуваат најмалку туристи: Топ 10 листа

Читај повеќе

Зошто на жените им треба повеќе сон од мажите?

Читај повеќе

Во споредба со белиот: Прави ли кафеавиот шеќер разлика во вкусот на кафето?

Читај повеќе

Намирници што имаат штетен ефект врз менопаузата

Читај повеќе