Frasier се враќа - почна снимањето на спиноф серијата

Еден од најгледаните ситкоми на сите времиња се враќа на малите екрани по 19 години пауза. Истоимениот спиноф „Frasier“ веќе влезе во продукција.

„Добра ноќ Сиетл. Здраво Бостон!“, објави студиото Paramount+ потврдувајќи дека љубителите на омилениот психијатар Фрејжр Крејн повторно ќе можат да уживаат во комичните авантури на овој незаборавен лик.

И самиот ситком „Frasier“ беше спиноф на друг постар ситком, познатиот „Cheers“, кој се емитуваше од 1982 до 1993 на NBC. Ликот Фрејжр Крејн во него беше споредна улога, за потоа да стане главен лик во ситкомот посветен токму на неговиот живот.

Новата серија повторно се врти околу овој лик, а камбек во неговата улога прави актерот Келси Грамер, кој овој лик го игра уште од неговото прво појавување во епизодата „Rebound (Part 1)“ во 3. сезона на „Cheers“. Грамер сега има 67 години. Дејството на серијата ќе се одвива во Бостон, градот каде што се одвиваа и авантурите од „Cheers“.

Засега не е потврдено дали некои ликови од оригиналната екипа на „Frasier“ ќе се појават во новиот ситком, како братот на Фрејжр, необичниот сноб Најлс Крејн. Со оглед на тоа што актерот Џон Махони почина во 2018 година, јасно е дека нивниот татко Марти Крејн нема да се појави. Улогата на Махони стана толку легендарна што би било дегутантно друг актер да ја игра. Претходно кога пред две години беше најавен спинофот во јавност излегоа информации дека Дејвид Хајд Пирс (Најлс Крејн), Џејн Лифс (Дафни Мун) и Пери Гилпин (Роз Дојл) не би заинтересирани за камбек. 

Потврдено е дека серијата ќе добие нови ликови. Во улогата на Алан Корвол, стар колеџ другар на Фрејжр, ќе се појави маестралниот Николас Линдхрст, познат по улогата на Родни Тротер од британската „Only Fools and Horses“.

Екипата ќе добие и свежа крв бидејќи тука е синот на Фрејжр, Фредерик Крејн, но улогата нема да ја репризира Тревор Ајнхорн кој порасна со улогата, туку британскиот актер Џек Катмор-Скот.

Внукот на Фрејжр, односно синот на Најлс и Дафни, Дејвид, го толкува Андерс Кит, додека Џес Салгеиро ја игра Ив, цимерка на Фреди.

Како еден од главните ликови е наведена и Оливија, чија улога ја игра нигериската актерка Токс Олагундоје, позната по улогите на Хејли Шиптон од „Castle“ и Џеки од „The Neighbors“. Оливија ја води катедрата по психологија на Ајви Лиг, атлетска конференција составена од спортските тимови на осум приватни високо-образовни институции од Североисточна Америка.

Снимањето почна на 1 февруари, а се знае и дека првата епизода ќе се вика „The Good Father“, што ја поврзува со пилот-епизодата од оригиналната серија („The Good Son“). 

Тагови
реклама

Како Американците го „украдоа“ најнапредниот советски хеликоптер?

Read more

Што значи кога ви игра окото и дали може да биде сериозно предупредување?

Read more

Кои 19 Samsung телефони нема да го добијат ажурирањето на Android 14?

Read more

Шест причини зошто леблебијата е една од најздравите намирници

Read more

Филм & ТВ

The Simpsons враќаат озлогласен лик од првата сезона

Read more

Први снимки од снимањето на 6. сезона на The Crown

Read more

КАЈГАНА ПРЕПОРАКА: Зошто треба да ја гледате серијата You на Netflix?

Read more

Официјален трејлер за The Night Agent

Read more
 

Сцена

The Simpsons враќаат озлогласен лик од првата сезона

Читај повеќе
  • play_arrow

Први снимки од снимањето на 6. сезона на The Crown

Читај повеќе
  • play_arrow

КАЈГАНА ПРЕПОРАКА: Зошто треба да ја гледате серијата You на Netflix?

Читај повеќе
  • play_arrow

Официјален трејлер за The Night Agent

Читај повеќе
  • play_arrow

Орландо Блум се распеа среде паб за Свети Патрик

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв трејлер за BEEF, новата серија на Netflix

Читај повеќе
  • play_arrow

10 моменти во Friends во кои се пронаоѓаме и денес

Читај повеќе
  • play_arrow

Како Disney „рециклираат“ анимации?

Читај повеќе