Македонија

Фрчковска ќе бара да ѝ се укине притворот на Јанева

17. септември 2019 - 11:59 | МИА

Скопје, 17 септември 2019 (МИА) – Укинување на мерката притвор за поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева ќе побара днеска нејзината адвокатка Ирена Фрчковска.

Фрчковска во изјава за МИА рече дека барањето ќе го достави до Судот во текот на денов.

Таа ќе побара Јанева да се брани од слобода со депонирање на соодветна гаранција во недвижен имот.

„Не ми е познат основот по кој е донесена одлуката на Советот на јавни обвинители за разрешување на Катица Јанева како и денешната одлука да нема можност да се врати на старото работно место во обвинителството во Гевгелија“, изјави Фрчкоска за ТВ21.

 Ирена Фрчкоска, која додава дека и одлуката од саботата и денешната на

На Јанева, која е третоосомничена за случајот „Рекет“, ѝ е одреден 30-дневен притвор кој истекува деновиве.

Коментирај