Алтернативна изведба на песната „Time Waits for No One“ се појави во форма на досега необјавено видео од познатиот фронтмен на групата Квин, легендарниот Фреди Меркјури.
Песната „Time Waits for No One“ беше изведена за потребите на мјузиклот „Time“, а сѐ до вчера се мислеше дека снимката од пробата на оваа песна е одамна изгубена. За среќа, BBC „прочепка“ по архивата и успеа да го извади ова парче историја.
Видео-снимката беше објавено во согласност со барањето на Дејв Кларк, композиторот кој ја напиша музиката за мјузиклот „Time“, кој исто така е дел од видеото, но се наоѓа зад камерата.
Минатата година, Рами Малек се појави во улогата на Фреди Меркјури во биографскиот филм „Bohemian Rhapsody“, кој доби многу пофалби од публиката и критичарите, а на Малек му донесе Оскар за Најдобар актер во главна улога.