Фриленс работа: Кои професии се најбарани и дали се исплати?

Според бројот на луѓе кои работат преку интернет од дома за главно странски работодавачи, Србија убедливо води со 3,52 фриленсери на 1.000 жители. Зад себе ги остава САД, Австралија, Германија, Италија, Шпанија и Португалија.

Во поглед на вкупниот број на луѓе кои работат од дома, САД се на прво место, а Србија е на 11-то место во светот, со 24.605 регистрирани фриленсери и е лидер во регионот и југоисточна Европа.

Работењето од дома преку интернет е прилично раширено и ценето низ Европа, САД, Канада, Велика Британија. Многу компании се одлучуваат да ангажираат стручњаци кои за нив ќе работат како фриленсери бидејќи на тој начин заштедуваат на други трошоци и може да им исплатат високи хонорари.

Кога станува збор за работните профили што се барани во широкиот дијапазон на фриленс работењето, ова се областите во кои компаниите се најмногу подготвени да ангажираат надворешен соработник како фриленсер: веб програмирање, развој на мобилни апликации, развој на софтвер, графички и веб дизајн, IT администрација, креативно пишување и копирајтинг, превод, продажба и маркетинг.

Луѓето со вештини и знаења од овие области лесно може да најдат работа и да остварат солидна заработка. Според некои предвидувања на кои укажува списанието Forbes, до 2027 година фриленсерите, особено во погоре спомнатите дејности, ќе го сочинуваат поголемиот дел од работната сила ширум светот.

Што е потребно за да работите како фриленсер?

Покрај вашите вештини и знаења, треба да направите профил на некоја (или на повеќе) од големите платформи за фриленсери, како Fiverr, EngineerBabu, Upwork, Freelancer.com, 99Designs, Compare, преку кои ќе стапите во контакт со потенцијалните работодавачи.

Ако немате доволно вештини, но имате желба да научите, некои компании и платформи нудат и пакети за учење, односно обучување во одредени сфери, ако покажете дека имате потенцијал и интерес.

Предности на работењето како фриленсер

Работењето од дома, солидната заработка, флексибилното работно време и слободата на избор со кого ќе соработувате се главните предности на работењето фриленс. Хонорарите, откако ќе стекнете искуство, доверба и имиџ, според искусните фриленсери, се доволни за да акумулирате солидни месечни примања од кои лесно ќе може да издвоите сума со која сами ќе го покриете персоналниот данок, здравственото и пензиското осигурување.

Овој начин на работа исто така е добар за дополнителна заработка, ако тоа ви го дозволува слободното време што го имате на располагање.

Она што го истакнуваат повеќето фриленсери е – заработка како во странство, со домашни трошоци на живот. Сепак, нагласуваат дека дисциплината, навременоста и работната етика се трите столба на кои треба да ја засновате вашата работа како фриленсер.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Живот

Зошто корпите за алишта имаат дупки?

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Венеција почнува да наплаќа за влез – казни за оние кои ќе се прават „наудрени“

Read more

Три фрази што ги користат луѓето кои имаат силна ментална отпорност

Read more
 

Магазин

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Читај повеќе

Зошто корпите за алишта имаат дупки?

Читај повеќе

Домашни природни лекови против стомачни проблеми

Читај повеќе

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Читај повеќе

Венеција почнува да наплаќа за влез – казни за оние кои ќе се прават „наудрени“

Читај повеќе

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Читај повеќе

Кардиолог: Единственото нешто полошо од кафе е кафето со млеко

Читај повеќе

Три фрази што ги користат луѓето кои имаат силна ментална отпорност

Читај повеќе

Чоколадните кнедли многу лесно се прават, а можете веднаш да ги изедете

Читај повеќе