Трендовите се менуваат секоја есен, но боб фризурата никогаш не излегува од мода, пишува Cosmopolitan.
Боб фризурата прилега на секој облик на лице, а е омилена и на познатите личности.
Доколку размислувате да го промените имиџот, со оваа фризура не можете да погрешите, а треба да внимавате само на должината.
Доколку имате овално лице тогаш изберете должина до брадата, а доколку имате долгнавесто лице изберете краток боб.
Оваа фризура лесно се одржува и стилизира.