Хроника

Фрлена експлозивна направа во двор од куќа во Драчево

23. април 2019 - 15:57 | МИА
Скопје, 23 април 2019 (МИА) – Во СВР Скопје утрово околу 04:13 часот било пријавено дека на улица „Партизански пат“ во населба Драчево, во дворот од куќата на Н.И.(25), непознато лице фрлило експлозивна направа.

Како што соопшти денеска МВР во експлозијата биле оштетени патнички возила „ауди“,„рено клио“ и „голф 3“, а биле оштетени и прозорци од куќата.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

Коментирај