ПРЕМИЕР ЛИГА 2021/22

Фрустрираниот Конте најави заминување: Премногу сум искрен за да затворам очи и да земам плата

Откако минатиот викенд сензационално го совлада Манчестер Сити со 3:2 на гости, Тотенхем синоќа загуби со минимални 1:0 на гостувањето кај Барнли, еден од најслабите тимови во лигата. Затоа и видно погоден беше тренерот Антонио Конте.

„Дојдов да му помогнам на клубот и ако има проблем кај тренерот, подготвен сум да си одам. Не сум навикнат на оваа ситуација. Правам сѐ што е во моја моќ, но ништо не се менува. На располагање му стојам на клубот да направи сѐ што сака“, изјави Конте.

Италијскиот стратег нагласи дека дава сѐ од себе, но дека нема реални резултати.

„Сакам да му помогнам на клубот, работам многу напорно, 20 часа дневно му давам на Тотенхем, а останатите 4 спијам и тоа не е доволно. Настапот може да биде добар, бевме посветени, но загубивме. Тоа е недозволиво. Да се изгубат на 4 од 5 натпревари, тоа мора да биде катастрофа за Тотенхем“, продолжува Конте.

Тотенхем е осми на табелата со 7 бодови помалку од Манчестер Јунајтед, кој го држи последното место за во Лигата на шампионите, но има и два натпревара помалку.

„Дојдов да се обидам да ја поправам ситуацијата. Можеби не сум доволно добар за да го направам тоа во моментов. Премногу сум искрен за да ги затворам очите и да продолжам вака и да земам плата. Нема сомнение дека ќе разговараме со клубот да го најде најдоброто решение за да му помогне на тимот. Вистинско време е да се направи проценка. Повторувам, многу сум фрустриран“, рече Конте.

URL

Да потсетиме, Конте зад себе има 3 титули во Серија А со Јувентус, 1 со Интер, а пред пет години беше и англиски шампион со Челси.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more

Фудбал

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Read more

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Read more

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Read more
 

Спорт

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе

Испаѓањето на Сити донесе нов фаворит за освојување на ЛШ

Читај повеќе

Пеп: Во кој било друг спорт ќе победевме

Читај повеќе

Судиите во Украина пред натпревар ќе одат на полиграф

Читај повеќе