Фудбал и политика во Ла Лига: Барса без навивачи до триумф, Реал победи дома

Трибините на „Камп Ноу“ беа празни додека надвор се одвиваше „крвавиот референдум“ за независност на Каталонија, а навивачите на Реал на  „Сантијаго Бернабеу“ развеаја шпански знамиња со порака „Ние сме Шпанија“.

Барселона го задржа максималниот ефект во Ла Лига и по седмото коло, во кое победи како домаќини запишаа уште и Реал, Валенсија и Виљареал.

Барселона „зад затворени врати“ го одигра дуелот со Лас Палмас. Поради референдумот за независност на Каталонија, не можеше да се гарантира безбедноста на навивачите, од кои дел се заканија со немири ако влезат во „Камп Ноу“.

Челниците на Барса биле подготвени да го одложат мечот, но биле предупредени од водството на Ла Лига дека во тој случај Лас Палмас службено ќе го добие мечот.

Без публика, Барселона успеа да победи 3:0 со головите кои во второто полувреме ги постигнаа Бускетс и Меси кој беше стрелец на два гола.

Реал, пак на „Сантијаго Бернабеу“ го пречека вториот клуб од Барселона, Еспањол и успеа да победи 2:0 со головите на Иско, кој беше прецизен во 30 и 71. минута.

Ова беше прва победа за Реал во првенството пред своите навивачи, откако претходно одигра нерешено со Леванте и Валенсија и загуби од Бетис.

На овој натпревар како одговор на референдумот во Каталонија, навивачите на Реал во 12. минута развиорија шпански знамиња, со порака дека тие се 12. играч и дека тие се Шпанија.

Валенсија во ефикасен натпревар го победи Атлетик Билбао 3:2. Валенсија заедно со Барса и Атлетико сеуште нема пораз сезонава. Повторно стрелец беше Италијанецот Симоне Заза, тој го постигна водечкиот гол, а потоа Дани Парехо зголеми на 2:0.

Ветеранот Ариз Адуриц намали на 2:1, но набргу Родриго и ја врати предноста од два гола на Валенсија. Конечниот резултат го постави Раул Гарсија.

Виљареал со новиот тренер ја забележа првата победа. Еибар загуби на „Ел Мадригал“ со 3:0. Хет-трик забележа Конгоанецот Седрик Бакамбу. 

реклама

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Ослободете се од пајаците во домот со природен лек

Read more

Фудбал

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Read more

Роналдо го сотре бившиот клуб

Read more

Испаѓањето на Сити донесе нов фаворит за освојување на ЛШ

Read more

Пеп: Во кој било друг спорт ќе победевме

Read more
 

Спорт

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе

Испаѓањето на Сити донесе нов фаворит за освојување на ЛШ

Читај повеќе

Пеп: Во кој било друг спорт ќе победевме

Читај повеќе

Судиите во Украина пред натпревар ќе одат на полиграф

Читај повеќе

Салцбург се израдува на испаѓањето на Арсенал - му донесе пласман на клупскиот Мундијал

Читај повеќе

Нојер го урна рекордот на Касиљас во Лигата на шампионите

Читај повеќе
  • play_arrow

Вајт прв во историјата на Чикаго го повтори подвигот на Џордан, Филаделфија во плеј-офот

Читај повеќе