Фудбал

Фудбал или рагби: Ибрахимовиќ соборен пред гол

20. април 2019 - 11:50 | МИА/КАЈГАНА

Златан Ибрахимовиќ продолжува да ги воодушевува навивачите во американската МЛС лига. Напаѓачот на Лос Анџелес Галакси повторно постигна гол за својот тим во победата од 2:1 над Хјустон Динамо.

Во 31-та минута, во напад на Галакси, Ибрахимовиќ беше соборен пред голот во рагби стил, а американските новинари коментираа дека „само така може да се запре 'лавот' Ибрахимовиќ“.

Галакси доби пенал, а 37-годишниот Швеѓанец не размислуваше и реализираше погодок за 1:0.

Ова е седми гол за напаѓачот во пет натпревари во МЛС.

Во второто полувреме, Хјустон исто постигна голод пенал, но успехот за тимот од Л.А. го донесе Диего Полента дојде во 88-та минута од натпреварот.

Коментирај