Фудбал против војна: Украинската лига почнува на 23 август

Она што пред неколку месеци изгледаше незамисливо, сега е многу блиску да стане реалност за фудбалерите во Украина.

Шахтар - Динамо е најголемото украинско дерби

Има многу фудбалери од украинските клубови кои на почетокот на војната ја напуштија земјата и отидоа каде што можеа. Има повеќе луѓе кои останаа во земјава со семејствата и пријателите и чекаа сѐ да помине и фудбалот повторно да им стане главна преокупација.

Ако сѐ оди според планираното, на 23 август ќе започне новата фудбалска сезона во Киев, Лавов, Ужхород и веројатно Тернопил. Во знак на одбрана, зачувување на културата и обновување на општеството, како што велат челниците на оваа земја.

Минатата недела се одржа состанок на кој присуствуваа челниците на Украинаската фудбалска асоцијација, претставници на властите и безбедносните служби. Тие во Киев ја разгледаа можноста повторно да се тркала топката.

„Одржување на фудбалско првенство за време на војна не е само спорт. Сакаме да ја покажеме бестрашноста на нашиот народ, нескротливиот дух и желбата за победа. Ова е единствена ситуација во историјата: фудбал против војна, фудбал за мир“, изјави претседателот на Украинската фудбалска асоцијација, Андриј Павелко.

Распоредот сѐ уште не е направен, но форматот на лигата со 16 екипи ќе се задржи. Домашни натпревари во Киев ќе играат дури десет екипи. Ќе се игра без публика.

Во текот на јули пријателски натпревари се играа ширум Украина, се разбира, освен во областите на земјата кои се блиску до воените зони.

Ќе се натпреваруваат следниве 16 клуба:

  • Верес (Ривне)
  • Ворскла (Полтава)
  • Динамо (Киев)
  • Днипро-1 (Днепар)
  • Зорја (Луганск)
  • Инхулец (Петрове)
  • Колос (Коваливка)
  • Кривбас (Кривиј Рих)
  • Лвив (Лавов)
  • Металист (Харков)
  • Металист 1925 (Харков)
  • Минај (Ужгород)
  • Олександрија (Олександрија)
  • Рух (Лавов)
  • Чорноморец (Одеса)
  • Шахтар (Донецк)

Новаци во лигата се Металист и Кривбас кои во прекинатата мината сезона во втората лига беа на првите две места. Од лигата испаднаа Мариупол и Десна, кои беа на последните две места во прекинатата прва лига.

Ќе играат двајца Македонци?

Како што стојат работите, во украинската лига можно е да има двајца македонски фудбалери. Дефанзивецот Ѓоко Зајков е под договор со Ворскла, а минатата полусезона со дозвола на ФИФА замина во софиска Славија, бидејќи на сите странски играчи им беше дозволено да ја напуштат Украина. Тој веќе тренира со тимот на подготовките во Полска. Деновиве, пак, имаше силни гласини дека на истиот клуб ќе му се приклучи играчот од средниот ред Енур Тотре, кој е под договор со тимот на Тирана.

реклама

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Ослободете се од пајаците во домот со природен лек

Read more

Фудбал

Испаѓањето на Сити донесе нов фаворит за освојување на ЛШ

Read more

Пеп: Во кој било друг спорт ќе победевме

Read more

Судиите во Украина пред натпревар ќе одат на полиграф

Read more

Салцбург се израдува на испаѓањето на Арсенал - му донесе пласман на клупскиот Мундијал

Read more
 

Спорт

Испаѓањето на Сити донесе нов фаворит за освојување на ЛШ

Читај повеќе

Пеп: Во кој било друг спорт ќе победевме

Читај повеќе

Судиите во Украина пред натпревар ќе одат на полиграф

Читај повеќе

Салцбург се израдува на испаѓањето на Арсенал - му донесе пласман на клупскиот Мундијал

Читај повеќе

Нојер го урна рекордот на Касиљас во Лигата на шампионите

Читај повеќе
  • play_arrow

Вајт прв во историјата на Чикаго го повтори подвигот на Џордан, Филаделфија во плеј-офот

Читај повеќе

Џонтeј Портер доживотно суспендиран од НБА

Читај повеќе

Надал елиминиран од Де Минор

Читај повеќе
  • play_arrow

Евролигата ригорозно го казни Теодосиќ: 15 илјади евра и 2 меча суспензија

Читај повеќе