Фудбалерите денес комплетни одржаа тренинг
Откако синоќа беше одржан полесен тренинг со оние репрезентативци кои беа пристигнати, денеска селекторот Игор Ангеловски ги имаше сите на располагање и на вториот ден одржа нормален тренинг.
Насмеани и растрчани, фудбалерите очигледно во добро расположение ќе ги почнат мундијалските квалификации, а првата пречка е Романија в четврток од 20:45 часот во Букурешт.
Фото: ФФМ