Фудбал
МЕМОРИЈАЛЕН ТУРНИР „ВАЦЛАВ ЈЕЖЕК“ 2019

Фудбалерите до 18 години ја совладаа Словачка

23. август 2019 - 8:56 | Ф.З.

По завчерашниот несреќен пораз од Украина нашите надежи го поправија впечатокот победувајќи против Словачка со 3:2 на „Вацлав Јежек“ турнирот во Чешка.

Во крајно интересен и неизвесен натпревар младите Македонци остварија тешко заработена победа со што се изборија да разигруваат за третото место на меморијалниот турнир.

Словаците поведоа уште по само пет минути игра, но пред паузата Македонија направи пресврт со головите на Фета и Станковски, вториот од пенал.

Во вториот дел Словаците израмнија на 2:2 за Илиевски на осум минути пред последниот свиреж да постигне гол за победа. Интересно, голот нашите надежи го постигнаа со играч помалку откако две минути претходно Максимов заработи исклучување.

Стадион Литомеричко во Литомерице, Чешка
Словачка - Македонија 2:3 (1:2)
Стрелци: 5' Томаш Риго, 56' Адријан Мојжиш - 25' Бехар Фета, 39' (п) Лука Станковски, 82' Марио Илиевски
Словачка: Худик; Селецкиј (46' Лајтнер), Ш. Габриш, Цапко, Јаворчек; Риго, Хорњак, Мојжиш; Мајкут (46' Черепкаи), Олејник (73' Вилетел), Кубик (57' Тичниј).
Македонија: Иван Николоски, Бенјамин Далипи, Алтрим Јакупи, Имран Фетаи, Александар Ѓуркоски, Димитар Тодоровски, Лавдрим Латифи (Иван Николов), Лука Станковски (Хамза Рамани), Бехар Фета (Виктор Крстевски), Методи Максимов, Азер Омерагиќ (Марио Илиевски).
Црвен картон: 80' Максимов (М)

Конечен пласман во групната фаза:
1. Украина 4 3:2
2. Македонија 3 4:4
3. Словачка 1 3:4

Утре македонската репрезентација ќе се бори за третото место со селекцијата на Унгарија која заврши втора во другата група. Натпреварот се игра во градот Мост со почеток во 11 часот. Во финалето подоцна ќе се сретнат Украина и домаќинот Чешка.

Коментирај