Фудбалерите го потопија Казахстан, на ЕУРО одиме победнички

Филип Здравески
/ 04.06.2021 / 19:50

Македонската фудбалска репрезентација со убедливи 4:0 славеше над Казахстан и во победничко расположение патува за Букурешт на Европското првенство.

Селекторот Игор Ангеловски како што најави, дека шанса на овој натпревар ќе им даде на оние кои помалку играат, тоа и го стори правејќи 4 измени во стартните 11 за разлика од натпреварот со Словенија. На голот стандардниот Столе Димитриевски, во одбраната Кире Ристевски, Висар Муслиу и Стефан Ристовски, во средината Елиф Елмас, Стефан Спировски и Тихомир Костадинов со Езџан Алиоски лево и Бобан Николов десно, а во нападот капитенот Горан Пандев и Иван Тричковски.

Remote video URL

Првата сериозна шанса ја имаше Тричковски кога во 14. минута излезе сам пред гостинскиот гол, но беше премногу лево, па неговиот удар отиде покрај стативата. Потоа во 23. минута Костадинов упати одличен удар од работ на шестнаесетникот, топката одеше под пречката, но голманот Покатилов исфрли во корнер.

Во 29. минута за малку сопствената мрежа ќе ја затресеше Куат кога во обид да расчисти по едно нафлување, но за негова среќа топката само профуче над голот.

Конечно гостинскиот отпор беше скршен во 35. минута кога Елмас се расшета низ казахстанската одбрана и на крајот беше соборен од Бајсебеков за удар од белата точка. Одговорноста ја презеде Алиоски и со сигурен удар го измами Покатилов за водство на Македонија. Ова е 8 гол за Алиоски во националниот тим, а број 4 од пенал.

Remote video URL

Гостите првата закана кон голот на Димитриевски ја упатија во 40. минута преку Тагиберген. Неговиот силен удар по земја заврши крај левиот дирек.

Последното возбудување во првиот дел се случи во судиското надполнување кога Мужиков непотребно остро стартуваше над Ристевски со две нозе и отворен ѓон, па црногорскиот судија отправдано му покажа црвен картон.

Очекувано, со играч повеќе Македонија продолжи да притиска и по паузата. Во 49. минута Тричковски повторно се најде во шанса, овој пат со глава, но повторно не го погоди голот.

Во 56. минута за малку ќе им подаревме гол на гостите кога по еден корнер Димитриевски ја испушти топката од раце, но за среќа никој од Казахстанците не беше во близина и топката отиде во корнер.

Конечно вториот гол дојде во 57. минута кога Пандев одлично ја префрли топката над гостинската одбрана до Костадинов во шестнаесетникот, овој веднаш му намести на Тричковски кој го постигна својот седми репрезентативен погодок во 64 настап.

Ангеловски направи двапати по две замени: прво Даниел Аврамовски и Милан Ристовски влегоа место Пандев и Тричковски, а потоа Александар Трајковски и Дарко Чурлинов место Елмас и Костадинов.

Младите веднаш се разиграа па стигнаа и головите. Трајковски нафли од корнер во 74. минута, а нововлезениот Ристовски со глава зголеми на 3:0. Негов деби настап и воедно прв гол. Тој е помлад брат на латералниот дефанзивец Стефан Ристовски.

Remote video URL

Само што продолжи натпреварот, во 76. минута нов гол за „Рисовите“. Трајковски направи дар-мар во гостинската одбрана и му сервираше на Чурлинов кој со лизгачки старт ја смести топката зад голот на Сеисен, кон на полувремето застана помеѓу стативите. Ова е прв репрезентативен гол и за играчот на Штутгарт, а негот трет настап.

Алиоски со глава и Трајковски со силен удар по земја имаа шанси да го зголемат резултатот за уште некој гол, но не успеаја. Потоа и Чурлинов имаше идеална шанса за втор гол, но го промаши голот.

Резултатот остана непроменет до крај, па Македонија запиша победа од 4:0 во првата пресметка со Казахстан, а последна проверка пред ЕУРО 2020. Репрезентативците во вторник летаат за Букурешт, а првиот предизвик е Австрија в недела на 13 јуни.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Фудбал

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Read more

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Read more

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Read more
 

Спорт

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе

Испаѓањето на Сити донесе нов фаворит за освојување на ЛШ

Читај повеќе

Пеп: Во кој било друг спорт ќе победевме

Читај повеќе

Судиите во Украина пред натпревар ќе одат на полиграф

Читај повеќе