Фудбалерите на Франција стигнаа до полуфиналето на олимпискиот турнир победувајќи против Аргентина со 1:0, но она што се пишува и зборува повеќе од самиот натпревар е што се случи после него.
Имено, веднаш по крајот на натпреварот дојде до физичка пресметка меѓу играчите и сето тоа траеше околу две минути пред ривалите да бидат раздвоени.
Француските медиуми јавуваат дека метеж имало и во тунелот кој води кон соблекувалните, а за време на натпреварот домашната публика ги исвиркуваше Аргентинците и нивниот селектор Хавиер Масчерано.
Tempers flare between France and Argentina after full time whistle
byu/Chelseatilidie insoccer
Се претпоставува причина е провокативниот испад на одредени играчи на аргентинската репрезентација по освојувањето на Копа Америка, односно видеото што стана вирално.
На него можеа да се забележат играчите Аргентина како пеат дека француските репрезентативци се „од Ангола“ или дека имаат „мајки Нигеријки“ и „татковци од Камерун“.
Инаку, раниот гол беше доволен за Французите да слават против Аргентина, а за тимот предводен од Тјери Анри од клупата, Жан-Филип Матета го постигна во 5-тата минута.
За пласман во финалето на фудбалскиот турнир на Олимписките игри ќе се борат Мароко и Шпанија, односно Египет и Франција. Двата натпревара се закажани за понеделник.