Фудбалерите на Слободен во хумана акција: Зготвија оброци за бездомници

Филип Здравески
/ 10.06.2023 / 12:03

Иако четвртолигаш, новиот фудбалски клуб Слободен продолжува со своите активности. Овој пат учествуваа во хумана акција и зготвија пакети храна за оние на кои им е најпотребна.

Дел од фудбалерите, стручниот штаб и управата на ФК Слободен од скопски Аеродром беа дел од иницијативата предводена од граѓанската иницијатива Ретвитни оброк и Вистински Дела на Љубезност и зготвија многу оброци со паста и колбаси во сос.

Пакетите еднаш неделно се нудат на ул. „Македонија“ пред Меморијалниот дом на Мајка Тереза во Скопје, на оние на кои им е најпотребна, воглавно бездомни лица и лица со тешка финансиска состојба. Јадењата се подготвуваат во просториите на Е.П.Ц. „Гласност“ кај Универзална сала.

@fksloboden ⚽🤝🍽️ Today we cooked for charity! The players and staff of FK Sloboden took part in the initiative of Ретвитни oброк-Retweet a meal and Вистински Дела На Љубезност Real acts of kindness and cooked meal packs for those in need. The meals are offered for free every week on street Macedonia in Skopje, at the Mother Teresa's memorial house. We had really a great time and we hope we can help again soon ❤️ #charity ♬ Push The Feeling On (MK Remix)

Слободен изминатава сезона, која беше прва за клубот формиран лани, се натпреваруваше во општинската лига на Кисела Вода каде од 10 екипи заврши на 8. место со скор од 4 победи, 1 реми и 12 порази. Како нов клуб формиран од група големи ентузијасти и вљубеници во локалниот фудбал, од таборот на Слободен се задоволни од оствареното сезонава, со оглед на тоа што тимот почна од нула. За наредната сезона ветуваат многу посилен тим и подобра игра и, секако, резултати.

Интересно е што овој клуб привлече големо внимание надвор од државава. Клубот финансиски го помагаат странци преку Патреон, дресовите и тренинг опремата ги обезбедил Македонец од Германија, а вршат дури и преноси во живо од натпреварите на кои од неодмна има двајца коментатори, од кои едниот е Британец.

Remote video URL
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Фудбал

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Read more
 

Спорт

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе