КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО КАТАР 2022

Фудбалерите не успеаја да победат, Ерменија замина со бод од Скопје

Филип Здравески
/ 02.09.2021 / 22:39

Без голови заврши квалификацискиот натпревар помеѓу Македонија и Ерменија. Нашите доминираа, но реализацијата изостана. Ерменија и натаму лидер во групата.

Барди пред Мхитарјан; Фото: ФФМ

Македонскиот селектор Благоја Милевски своето деби на селекторската клупа се одлучи да го направи користејќи ја формацијата 4-2-3-1. На голот стандардниот Столе Димитриевски; во одбраната со Езџан Алиоски како лев бек, Дарко Велковски и Висар Муслиу како централни дефанзивци, Стефан Ристовски десен бек; во средниот ред двоецот Тихомир Костадинов и Елиф Елмас; потоа трио офанзивци и тоа Дарко Чурлинов како лево крило, Енис Барди како десно крило и Александар Трајковски на позицијата треквартиста зад истурениот шпиц и повратник во националниот дрес - Адис Јаховиќ. Но, Барди, Елмас и Трајковски често си ги менуваа местата.

Македонската репрезентација доминираше во првиот дел и воглавно се играше на половината на гостите кои единствено преку контри безуспешно се обидуваа да го загрозат голот на Димитриевски. За посериозни шанси се чекаше дури половина час откако Македонија доминацијата не успеваше да ја претвори во реализација во последниот дел од играта.

Најсериозната шанса беше во 28. минута кога капитенот Ристовски добро проигра и се најде еден на еден со голманот Јурченко, стигна пред него до топката и со глава го лобуваше, но еден гостински играч не дозволи гол исфрлувајќи во корнер. После корнерот Македонија повторно имаше изгледна шанса откако Елмас му отвори простор на Трајковски, а овој од страна ја погоди надворешната мрежа.

Remote video URL

Така продолжи и остатокот од првото полувреме, но без промени по резултатот.

После паузата слична игра. Милевски првата замена ја направи по точно еден час игра кога Стефан Спировски влезе на местото на индиспонираниот Трајковски.

Првата вистинска шанса во вториот дел дојде во 63. минута кога Алиоски биеше убаво од работ на шестнаесетникот, но Јурченко одбрани.

Дури во последните десетина минути Милевски направи уште две измени и тоа Милан Риствски на местото на Јаховиќ и Стефан Ашковски на местото на Костадинов.

Дури во последната минута Македонија дојде до нова сериозна шанса. Елмас шутираше, ударот беше блокиран, дојде до Алиоски чиј силен шут го погоди Ашковски доволно за да го смени правецот и да заврши крај десниот дирек. Тоа беше и последниот обид и натпреварот заврши без голови, по еден бод за двете репрезентации.

Во другите два натпревара од нашата група, Германија славеше кај Лихтенштајн само со 2:0, а со истиот резултат Романија оствари важна победа на гостувањето кај Исланд.

Наредниот натпревар за Македонија е токму против Исланд и тоа во Рејкјавик в недела од 18 часот.

Табела:

  1. Ерменија 10
  2. Германија 9
  3. Македонија 7
  4. Романија 6
  5. Исланд 3
  6. Лихтенштајн 0
реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Read more

Фудбал

Родри една година не доживеал пораз

Read more

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Read more

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Read more

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Read more
 

Спорт

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе
  • play_arrow

Најдобрата единаесетка на 21. век

Читај повеќе
  • play_arrow

Бразилците лути по ремито во Мадрид: Без ВАР, повеќе нема да играме пријателски натпревари

Читај повеќе
  • play_arrow

Роналдо повторно има нова ѕверка, со моќен мотор

Читај повеќе

Ангеловски распали по ФФМ и Милевски: Наместо подобрување, со својата нестручност ја растурија најдобрата генерација

Читај повеќе

Ѓоковиќ и Иванишевиќ ја прекинаа соработката

Читај повеќе