Фудбалерка ја има највисоката оценка на FIFA 23

Алексија Путељас е најдобро оценетата спортистка на новата „FIFA 23“ игрица.

И додека од сите страни критичарите се расфрлаат со ужасни оценки за новата игрица од серијалот „FIFA“ на Electronic Arts, стигна и една интересна вест, дека од сите ѕвезди на игрицата најдобра оценка всушност има жена.

Алексија Путељас доби дури 92 бода, наспроти сите машки фудбалери од кои ниту еден не ја надмина границата од 91 бод, а првите четворица играчи имаат всушност толку - Килјан Мбапе, Карим Бензема, Кевин Де Брујне, Лео Меси и Роберт Левандовски.

Укажаната чест на Алексија доаѓа по големиот успех кој фудбалерката го имаше претходната сезона, но и претходно, играјќи за Барселона и за репрезентацијата на Шпанија, а поради тоа беше и официјално прогласена од УЕФА за најдобра фудбалерка за сезоната 2021/2022 на свеченоста одржана во август во Истанбул, Турција.

Путељас ја предводеше Барса до третата последователна титула во женската Ла Лига и тоа со 18 голови и 15 аситенции. Воедно, каталонскиот клуб минатата сезона играше и во финалето од женската Лига на шампиони во кое загуби од француски Лион. Нажалост, кратко по овој натпревар Путељас заработи незгодна повреда на лигаментите која целосно ја исфрли од зелениот терен.

Оценката на Алексија не е конечна, а како што сметаат експертите за гејмплејот на „FIFA“, би можела да порасне и до 95 од можни 100 бодови. Зад Каталонката се наоѓаат уште неколку одлични фудбалерки кои имаат само бод или два помалку од неа на „FIFA 23“ картичките.

Remote video URL
реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Гејминг

Луис Хамилтон играше ретро игрици на PlayStation 1 и на стар телевизор

Read more

Лара Крофт прогласена за најкултен лик од гејмерскиот свет на сите времиња

Read more

Што донесе бесплатното ажурирање за Gran Turismo 7?

Read more

Гејминг симулаторот Pagani Huayra R изгледа импресивно

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Читај повеќе
  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе