Чек дис аут

Фудбалот е чудо: Емотивната реакција на детето кое доби дрес за подарок го обиколи светот

23. март 2019 - 11:08 | К.З.

Уште еден доказ дека фудбалот е најважната споредна работа во светот ни дава видеото со детето што навива за Ботафого, кое за многу кратко време стана вирален хит. Во него, малиот Жоао Виктор не ги крие емоциите во моментот кога добива на подарок дрес од неговиот омилен клуб.

За Жоао Виктор, најголемиот клуб во светот е токму Ботафого и како и многу Бразилци, тој живее и диши заедно со фудбалот.

Неговите најблиски, иако живеат во скромни услови, решија да го изненадат Жоао со подарок кој сметаа дека ќе му се допадне – дрес од неговиот омилен клуб. Додека тој го отвораше подарокот спакуван во неколку кутии и ќеси, неговото семејство со нетрпение ја чекаше реакцијата. И тогаш, наплив на емоции...

Колку малку е потребно за среќа – Жоао Виктор е вистински фудбалски фан кој знае дека „убавата игра“ е повеќе од само игра. Фудбалот е дел од животот на милијарди луѓе во светот, а радоста која ја причинува овој спорт нема граници.

Коментирај