Фудбалската публика се враќа на трибините во Црна Гора

Натпреварите во Црна Гора, за разлика од многу други европски фудбалски првенства, ќе се играат со присуство на публика, одлучи црногорската Влада на чело со премиерот Душко Марковиќ.

„Ќе бидат дозволени свадби, крштавки, ограничен број на публика на спортските настани со почитување на соодветните мерки“, изјави Марковиќ.

Будуќност е лидер на табелата со 11 бодови повеќе од двојниоот првак Сутјеска, а првенството продолжува во сабота.

За разлика од Фудбалскиот, Одбојкарскиот и Ракометниот сојуз на Црна Гора ги поништија натпреварувањата од 22 април, а иако во меѓувреме беше дозволено да се тренира, истото го направи и Кошаркарскиот сојуз на 14 мај по консултација со клубовите.

Публика на натпреварите е дозволено да има само во Белорусија, а останатите лиги кои добија зелено светло од владите да се рестартираат, ќе се играат без физички присутна публика на трибините.

Првенствата во Франција, Холандија и Белгија се целосно откажани и нема да се доиграат.

Според најновите податоци, во Црна Гора има 324 регистрирани случаи на COVID-19, од кои 315 оздравеа и девет починаа.

реклама

Фудбал

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Read more

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе