Целиот тим на Карпати од Лавов замина во карантин откако дури 25 лица излегоа позитивни на тестовите за коронавирусот.
Меѓу позитивните има фудбалери, членови на стручниот штаб и вработени во клубот. Вкупно 65 луѓе од клубот биле тестирани и дури 25 изглегле позитивни. Најголемиот дел од позитивните немале никакви симптоми.
„Заразените се ставени во самоизолација, додека останатиот дел од клубот е ставен во двенеделен карантин и сите тренинзи и активности се прекинати“, стои во соопштението на украинската лига.
Фудбалот во Украина се реактивираше изминатиов викенд, но Карпати не играше. Наредните два натпревара на тимот се одложени меѓу кои и градското дерби со Лвив закажано за 7 јуни, како и пресметката со Днипро-1 на 13-ти. Карпати се натпреварува во плеј-аут зоната на најквалитетната украинска лига.
Дваесет и петте позитивни во Карпати се всушност рекорд во фудбалскиот свет. Карпати е број еден во светот по заразени членови, повеќе од било кој друг фудбалски клуб, а веројатно и спортски.