Фудбалски спектакл во најава: Бугарија 1994 против Турција 2002

Златните мундијалски генерации на Бугарија и Турција ќе одиграат ревијален натпревар со Христо Стоичков, Красимир Бал'ков, Јордан Лечков од една и Хакан Шукур, Јилдирај Баштурк, Хасас Шаш од друга страна.

Бугарија и Турција заеднички ќе се потсетат на нивните златни фудбалски времиња. Особено значајно за Бугарите бидејќи нивната репрезентација одамна воопшто не наликува на онаа на Стоичков.

Натпреварот е закажан за 26 септември и ќе се игра на „Арда“ стадионот во Крџали, град во јужна Бугарија каде има најголем дел на турско малцинство. Билетите чинат по 3, 5 и 7 лева.

Бугарите на Мундијалот во САД 1994 направија неверојатен подвиг играјќи во полуфиналето каде Роберто Баџо им го сруши сонот за финале. Претходно го елиминираа бранителот Германија со 2:1, го исфрлија и Мексико на Луис Гарсија и Хорхе Кампос, а во групата ја совладаа и Аргентина.

За Бугарија тогаш на голот беше Борислав Михајлов, во одбраната Трифон Иванов, Цанко Цветанов, Петр Хунчев и Илијан Кирјаков, во средниот ред беа Златко Јанков, Наско Сираков, Красимир Бал'ков и Јордан Лечков, а во нападот Емил Костадинов и Христо Стоичков. Тимот го водеше Димитр Пенев.

Турција имаше слична авантура на Мундијалот 2002 во Јужна Кореја и Јапонија каде стигна до бронзата. Заврши втора во групата со Бразил, Костарика и Кина, потоа ги елиминираше ко-домаќинот Јапонија и изненадувањето Сенегал, а во полуфиналето повторно налета на Бразил. За третото место го совладаа и другиот ко-домаќин, Јужна Кореја.

Турската златна генерација ја водеше Шенол Ѓунеш. На голот беше легендарниот Рушту Речбер, во одбраната Фатих Акјел, Алпај Озалан, Булент Коркмаз и Ерѓун Пенбе, во средината Тугај Керимолу, Умит Давала, Јилдирај Баштурк и Емре Белозолу, а во нападот Хасас Шаш и Хакан Шукур. Од клупата секогаш влегуваше младиот напаѓач Илхан Мансз.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more

Фудбал

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Read more

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Read more

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Read more
 

Спорт

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе

Испаѓањето на Сити донесе нов фаворит за освојување на ЛШ

Читај повеќе

Пеп: Во кој било друг спорт ќе победевме

Читај повеќе

Судиите во Украина пред натпревар ќе одат на полиграф

Читај повеќе