Фудбалските лиги повторно пред прекин?

Филип Здравески
/ 22.04.2021 / 16:19

Откако Министерството за здравство донело одлука сите фудбалери да мора да направат тестирање пред секој натпревар, македонскиот фудбал повторно се соочува со колапс.

Нема веќе третолигашки фудбал: момент од натпреварот Детонит - Овче Поле од 3.МФЛ Исток; Фото: Радовиш Њуз

Министерството за здравство одлучило секој клуб кој сака да игра фудбал во земјава да мора своите играчи и членовите на стручниот штаб да ги тестира пред да излезе на терен. И тоа не со бесплатни тестови туку да ги плати од свој џеб. Токму поради тоа, сега на македонскиот фудбал му се заканува уште една прекината сезона, уште една пропадната сезона.

Фудбалската федерација на Македонија соопшти дека за претстојното коло, кое треба да се игра викендов, ќе ги покрие трошоците за тестирање за клубовите од првата лига и од двете второлигашки групи. Тоа значи дека фудбал ќе се игра.

Но, ќе се игра само во првите две лиги, а на неодредено време (засега) се прекинува сезоната во третите, општинските, младинските и женската лига. За нив пари за тестови нема, ниту од ФФМ, ниту од државата. Затоа, пак, за туристите кои ќе доаѓаат ќе има бесплатни тестови на државна сметка, односно со наши, народни пари. А за нашите фудбалери нема.

Соопштението на ФФМ вели дека ќе бидат обезбедени бесплатни тестови за претстојното коло, па останува непознато дали ФФМ ќе продолжи да ги плаќа тестовите и за наредните кола или само за ова викендов. Доколку од наредниот викенд прволигашите и второлигашите треба сами да плаќаат за тестови, голема е веројатноста дека сезоната и во овие лиги нема да продолжи.

Бројките на заразени во државава полека се намалуваат. Денес процентот на позитивни од вкупниот број на тестирани е 23,2%, вчера кога беше 21,8%, а завчера 24%. Надежда на фудбалерите, машки и женски, професионални и аматери, е дека бројките и натаму ќе се намалат па Министерството, кога веќе не сака да обезбеди бесплатни тестови, ќе ја укине оваа непопуларна мерка.

Како што веќе бројни студии покажаа, фудбалската игра не е место каде вирусот се шири. Фудбалот се игра на отворено, точно е дека постои контакт помеѓу играчите, но тој е толку краткотраен што зараза е речиси невозможна. Местата каде може да дојде до зараза се соблекувалните, тунелите, подтрибинскиот простор и автобусите за превоз. Нормално, доколку таму не се почитуваат мерките за носење заштитна маска и држење дистанца. Ова сега изгледа само како очаен обид на Министерството да прикаже дека нешто прави, нешто презема, а данокот ќе го платат фудбалерите кои спортуваат, и тоа на отворено.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Фудбал

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Read more

Баерн извиси

Read more

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Read more

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more
 

Спорт

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе