Иако Tesla е синоним за електрични автомобили, јапонскиот Nissan е огромен играч на овој пазар, а се заканува да стане уште поголем.
Повеќе од 300.000 единици на моделот Leaf беа продадени од појавувањето во 2010 година, Nissan пред неколку месеци ја претстави и втората генерација, а наскоро ќе се појави и SUV класа.
Се шпекулира дека Nissan планира својот концепт од минатата година iMx да го изгради на платформата на Leaf, со цел на пазарот да го пласира како електричен кросовер, кој би можел да биде исклучително популарен.
„Имаме нов Leaf, но веруваме дека IMx ќе биде продорен модел. Тоа не е само концепт, ќе се појави за неколку години“, изјави директорот на европскиот дизајн на Nissan Mamoru Aoki.
За сега нема ниту известувања околу тоа колку би можел да чини електричниот SUV на Nissan, ниту колку ќе биде неговиот домет, но сигурно е дека Hyundai Kona EV наскоро би можел да добие сериозна конкуренција.