Габа од Чернобил како штит за астронаутите во Вселената

НАСА планира да се врати на Месечината до 2024 година, меѓу другото, и со намера да воспостави трајно човечко присуство таму до крајот на ова десетлетие. По тој пат има многу логистички пречки, а една од најголемите е тоа дека универзумот постојано се обидува да се ослободи од човечките патници.

Штетното радиоактивно зрачење, во таа смисла, претставува голема закана за здравјето на астронаутите. И ако луѓето имаат намера да се упатат кон Марс и другите планети, што подразбира подолг престој во непознатото пространство, тогаш е неопходна посериозна заштита. За таа цел, научниците проучуваат жив организам кој вирее во можеби најрадиоактивната област во овој миг на Земјата – Чернобил… А, тоа е габата Cladosporium sphaerospermum, за која се верува дека може да формира т.н. самоисцелувачки штит што ќе ги заштитува астронаутите од радиоактивно зрачење.

Еден примерок од овие габи беше пренесен и еден месец испитуван на Меѓународната вселенска станица (МВС). Научниците сакаа да дознаат колку таа габа е во состојба да го запре зрачењето, благодарение на меланинот во себе што го претвора штетното зрачење во енергија.

Астронаутите на МВС се изложени на зрачење 20 пати поголемо од нормалната количина на зрачење на кое се изложени на Земјата за една година. По 30 дена експерименти на МВС, заклучоците говорат дека габата добро се прилагодува на бестежинската состојба и добро напредува и покрај зголемената радијација, односно дека ја намалува за 2 отсто.

Значи, во иднина, оваа габа најверојатно би можела да послужи како штит во мисиите на Месечината и Марс.

Но, на тој пат сѐ уште има многу пречки… Сепак, можеби идните живеалишта во Вселената ќе напредуваат благодарение токму на организмите кои на Земјата, генерално, се сметаат за непожелни.

Тагови
реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Наука

НАСА: Упс!

Read more

Најсилната соларна бура во историјата беше поголема отколку што мислевме

Read more

Месечината се превртела одвнатре нанадвор пред милијарди години

Read more

Имаме само уште две години да ја спасиме планетата Земја

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе
  • play_arrow

Неверојатна глетка снимена за прв пат во историјата: Пингвини скокаат од 15 метри

Читај повеќе

Литиум-јонските батерии ќе траат многу подолго благодарение на нов начин на полнење

Читај повеќе