Габриела Спаниќ, венецуелската ѕвезда која ја запознавме во популарните латино сапунски серии, поради бројните естетски процедури привлекува внимание на социјалните мрежи и на 50 години.
Актерката често објавува слики на својот Instagram, а многумина се шокирани од нејзиниот изглед.
Според бројните коментари на социјалните мрежи таа изгледа непрепознатливо.
Tаа изјави дека жените над 40 години веќе немаат толку флексибилна кожа, дури и кога се трудат да вежбаат што е можно повеќе, и објасни дека операцијата е единствениот начин жените да постигнат младешки изглед.
Минатата година во една објава го означи и пластичниот хирург Луис Атилија Гил Перес, кој очигледно е одговорен за изгледот што го сакала. Перес е популарен хирург во Мексико меѓу тамошните познати личности, а Спаниќ со него почна да „соработува“ пред две години.
Во младоста била Мис Венецуела, а денес тврди дека половината ѝ е потенка од тогаш. Рекла дека операциите на кои била подложена биле исклучително болни, но дека конечно е задоволна од својот изглед. Актерката го има синот Габриел со бизнисменот Нил Перес.