Откако синоќа скопски Вардар избори опстанок во елитата победувајќи во баражот, голманот Гачевски најави тотално друга слика наредната сезона.

Вардар вчера во Струмица со 2:0 ја совлада екипата на Детонит Плачковица од радовишп, која беше трета во втората лига, и со тоа остана во прволигашклата конклуренција и наредната сезона. Ако за скопскиот великан опстанокот и беше абмиција ова асезона, голамнот Филип Гачевски најавува далеку повисок стремеж за наредната.
„Браво момци, целта е остварена!! Секоја чест Комити!!! Што ветивме - остваривме, наредна сезона одиме по титула! Еден живот - една љубов! Да живее Вардар и Македонија!!!“, напиша вардаровиот голман на Facebook.
Популарниот Гача беше дел од златната вардарова генерација која играше во групната фаза во Лига Европа. Во клубот е од летото 2015 года дојде од Брегалница, со пауза во сезпоната 2020/2021 кога настапуваше за кипарски Еносис.