По многуте критики упатени кон Дејвид Бекам за неговата улога во филмот King Arthur, режисерот Гај Ричи го пофали фудбалерот истакнувајќи дека е талентиран.

„Мислам дека е одличен, многу е талентиран“, изјави Ричи за Reuters на европската премиера на филмот.
Бекам во филмот толкува улога на војникот Тригер во сцената на извлекување на мечот од каменот.
Фудбалерот и претходно имаше улога во филмот „The Man from U.N.C.L.E."