Гал Гадот: Мајка, мисица, актерка, борец, чудо од жена

Израелската актерка Гал Гадот ја игра главната улога во блокбастерот Wonder Woman, но и во вистинскиот живот таа е вистинско Чудо од жена.

32-годишната Гадот е мајка на две деца, била Мис на Израел, студирала право, работела во Армијата како инструкторка за боречки вештини, а додека го снимаше филмот Wonder Woman беше во петтиот месец од бременоста.

„Непроспиена ноќ, бебето имаше грчеви во стомакот, а петгодишната ќерка рано ме разбуди. Излегов да испијам кафе во двор за да се разбудам и да земам малку свеж воздух. Сега гледам цртан The cat in the hat со ќерка ми. Секогаш ме одушевувало како токму наједноставните работи нѐ прават најсреќни. Ме фотографираше моата друга ненаспана половина“, напиша Гадот под фотографијата што вчера ја објави на Instagram.

Покрај тримесечната Маја со Јарон Версан, 32-годишен трговец со недвижнини, ја има и петгодишната ќерка Алма. Заедно со семејството таа живее во Тел Авив.

Хиперактивната актерка е навистина сестрана.

Во средно училиште играла кошарка и вежбала боречки вештини. Мислела дека ќе студира биологија, што било желба и на нејзините родители, но наместо тоа, таа на 18 години се пријавила на Изборот за Мис на Израел. Откако победила, работела како модел за Miss Sixty, Huawei, Gucci, Cosmopolitan...

По модната приказна, Гадот отишла во војска каде била инструкторка по боречки вештини. Тренирала мечување, кунг фу, кик-бокс, џиу-џицу и капоеира.

Потоа се запишала на факултет и студирала право и меѓународни односи, но на крај победила љубовта кон актерството.

Пред само седум години израелската убавица почнала да оди на часови по глума, а денес е ѕвезда на светски блокбастер.

Гадот во слободно време вози мотори, а на многумина сигурно им е веќе позната од улогата во филмот The Fast and the Furious.

Завршните акциони сцени од Wonder Woman ги снимаше во петтиот месец од бременоста.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Филм & ТВ

Повторно зад решетки: Уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Read more

Лажен трејлер за новиот Џејмс Бонд доби милиони прегледи: Го сакаме него!

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Зошто Кевин Костнер одби да му даде улога на Крис Хемсворт во својот филм?

Read more
 

Сцена

Повторно зад решетки: Уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Лажен трејлер за новиот Џејмс Бонд доби милиони прегледи: Го сакаме него!

Читај повеќе

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Читај повеќе

Зошто Кевин Костнер одби да му даде улога на Крис Хемсворт во својот филм?

Читај повеќе

Хенри Кавил ќе стане татко – чекаат бебе со девојката Натали

Читај повеќе
  • play_arrow

Сила и Нервоза е насловот на новиот заеднички сингл на Суперхикс и Фолтин

Читај повеќе
  • play_arrow

Пластичен хирург откри какви зафати направила Анџелина Џоли

Читај повеќе

Реквизитерката на Rust осудена на 18 месеци затвор за смртта на снимателката

Читај повеќе

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе