Гал Гадот се закани дека нема да глуми во новиот „Wonder Woman“

Актерката Гал Гадот, која му се претстави на светот со нејзината улога како суперхероината Wonder Woman во истоимениот филм, се закани дека нема да глуми во вториот дел од оваа франшиза ако студиото Warner Bros. не го отпушти режисерот Брет Ратнер.

Гал Гадот бара да биде отпуштен режисерот Брет Ратнер поради тоа што тој неколкупати беше обвинет дека сексуално вознемирувал актерки кои работеле на неговите филмови, а последна го обвини Оливија Мун, која рече дека ова е чест случај на неговите сетови.

Откако беше обвинет од повеќе жени, Брет Ратнер реши дека самиот ќе се повлече од режисерските должности поврзани со Warner Bros. за да не му прави проблем на студиото, но Гал Гадот бара студиото да ја прекине секоја соработка со него.

Warner Bros. и Ратнер се долгогодишни партнери, а компанијата на Ратнер, RatPac Entertainment финансираше многу филмски хитови на WB, меѓу кои и „Gravity“ и „It“.

Во моментов Холивуд го „тресат“ скандали со сексуално вознемирување, силување и педофилија, за кои се обвинети некои од најславните личности од САД. Брет Ратнер е уште еден од низата на обвинетите и би било разбирливо доколку Warner Bros. решат да ја прекинат меѓусебната соработка.

Гал Гадот беше дел од „Wonder Woman“, филм кој му донесе огромни пари на студиото, па тешко е да се верува дека WB би можеле да ја жртвуваат Гадот и да застанат на страната на Ратнер во овој случај.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Филм & ТВ

Леонардо Дикаприо го игра Френк Синатра во новиот филм на Скорсезе

Read more

Повторно зад решетки: Уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Read more

Лажен трејлер за новиот Џејмс Бонд доби милиони прегледи: Го сакаме него!

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more
 

Сцена

Леонардо Дикаприо го игра Френк Синатра во новиот филм на Скорсезе

Читај повеќе

Повторно зад решетки: Уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Лажен трејлер за новиот Џејмс Бонд доби милиони прегледи: Го сакаме него!

Читај повеќе

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Читај повеќе

Зошто Кевин Костнер одби да му даде улога на Крис Хемсворт во својот филм?

Читај повеќе

Хенри Кавил ќе стане татко – чекаат бебе со девојката Натали

Читај повеќе
  • play_arrow

Сила и Нервоза е насловот на новиот заеднички сингл на Суперхикс и Фолтин

Читај повеќе
  • play_arrow

Пластичен хирург откри какви зафати направила Анџелина Џоли

Читај повеќе

Реквизитерката на Rust осудена на 18 месеци затвор за смртта на снимателката

Читај повеќе